Нормална букална микробна флора и орални инфекции

Усната празнина кај човекот претставува особена бактериска флора.

I. Нормална букална флора 

Сочинета е од 70% аеробни-анаеробни бактерии. Особено присутни се:

  • Негрупирани стрептококи (  streptococus salivarius, s. sanguis, s. mitis ), streptococus mutans  кои играат главна улога во формирањето на денталниот плак и се фаворизатори на кариес.
  • Lactobacillus
  • Neisseria
  • Candida и различни протозои може да се забележат

    Букалната флора е главно менлива, таа зависи од секоја индивидуа и останува во фражилна урамнотеженост меѓу голем број на бактериски видови. Сепак, некои можат да стекнат патогени особености под  различни физиопатолошки услови кај индивидуата: модификација на дентицијата, хигиена, исхрана, носење на протези, тутун, шеќери, забавен одбранбен имунолошки систем.

 

Оралната микробиологија е наука за микроорганизмите кои ја сочинуваат микрофлората на усната празнина и интеракциите меѓу овие орални микрооганизми меѓу самите себе и меѓу домаќинот човек или животно. Тие претставуваат итерес за микробниот систем во усната празнина без разлика дали се нормални или патогени. Овој микробиот е малку проучуван. Според научниците овие микроорганизми се јавуваат во слободна форма или планктонска  но некои особено престојуваат во колонии и организиран биофилм.
Благодарение на комплексните интеракции меѓу видовите кои ја колонизираат усната празнина изменувајќи некои карактеристики, некои други пак споменуваат микробна орална екологија.

Оралниот микробиот на бебето се збготува од неговото раѓање и ќе се развива со појавата на забите кои ќе прифаќаат нови бактериски видови. Оралниот микробиот најпрво се состои од бактерии кои развиле стратегија за отпорност и прифаќање на околината дозволувајќи им да го модифицираат домаќинот  во корист на микробот ( на пример забниот кариес).

Тој е повеќе или помалку различен според возраста и индивидуите. Преку четкањето на забите може да се направат негативни и позитивни модификации, внесување на алкохол, исхраната, внесување на антибиотици.

1.Анаеробни бактерии кои во голем број се наоѓаат во усната празнина, се :

  • Actinomyces
  • Arachnia
  • Bacteroides
  • Bifidobacterium
  • Eubacterium
  • Fusobacterium
  • Lactobacillus
  • Leptotrichia
  • Peptococcus
  • Peptostreptococcus
  • Propionibacterium
  • Selenomonas
  • Treponema
  • Veillonella

2.Примери за габична микрофлора во усната празнина

Некои родови на микрогаби кои фреквентираат во усната празнина се:

  • Candida
  • Cladosporium
  • Aspergillus
  • Fusarium
  • Glomus
  • Alternaria
  • Penicillium
  • Cryptococcus

Оралните бактерии можат да се акумулираат врз или во тврдото и мекото непце на усната празнина, речиси секогаш формирајќи биофилм бактериски или габичен, кој се сомничи за создавање на феномени на антибиорезистенција. Феноменот на биохемиско прикачување на бактериите од биофилмот има значење за бактериите во усната, особено врз забите.

https://fr.wikipedia.org/wiki/Microbiologie_orale

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s