Пародонт

Пародонтот: од грчки para: над и odontos : заб. Пародонтот е изграден од заемни ткива кои го обиколуваат и прицврстуваат забот.

Четирите составни делови на пародонтот се:

  • Гингивата 
  • Алвеоларната коска 
  • Цементот
  • Алвео-дентален лигамент или дезмодонт

toung

ЧЕТИРИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА ПАРОДОНТОТ

1. ГИНГИВА: гингивата е влакнеста мукоза која ја покрива алвеоларната коска. Таа го претставува најоткриениот дел во пародонталната средина. здарвата гингива има бледо розева боја. Границата на гингивата треба хармонично да го следи забниот врат а особено неговата околина. Здравата гингива  нема присуство на отоци, крварење ниту улцерации.

Гингивата е поделена на три дела

  • Слободна гингива или маргинална гингива: Таа претставува тенка лента од околу 1 мм широчина и се наоѓа помеѓу слободниот раб на слободната гингива и маргиналната бразда која го означува почетокот на прицврстената гингива. Маргиналната гингива го затвора вратот на забот преку гингивално-денталната граница. Гингивалната бразда или гингивалниот сулкус се протега во длабочина од 0,5 до 2 мм. Гингивалниот сулкус го прицврстува епителот со минерализирано ткиво кое  може да биде :цементот, емајлот а поретко дентинот.Атачаментот го одделува пародонталното ткиво ( гингивата, цементот, алвеоларната коска и дезмодонтот ) од букалната средина ( саливата и микробната флора). Интерденталната гингива или папиларната гингива е сместена меѓу забните контакнти точки. Таа е наречена меѓузабен врат гледано од апроксималните страни на забите.
  • Прицврстена гингива: Со различна височина, таа е силно прицврстена за алвеоларната коска благодарение на колагените влакна, има бледо розева боја. Загубата на прицврстената гингива означува пародонтална болест.
  • Алвеоларната мукоза : е поцрвена од гингивата бидејчи крвните садови се повеќе видливи.

2. АЛВЕОЛАРНА КОСКА: Алвеоларната коска е основната потпора на забот, го опколува коренот на забот кој се прицврстува за неа преку дезмодонтот или алвео-денталниот лигамент. Алвеоларната коска се раѓа и умира заедно со забот.Алвеоларната коска е изградена од компактна супстанца, интерна и екстерна која ја обиколува спонгиозната супстанца. Периостот (бела и фиброзна мембрана ) ја покрива надворешната површина на алвеоларата коска, неговата улога е многу важна бидејќи претставува коскено сврзно ткиво. Кога алвеоларната коска изчезнува останува само базалната коска.

3. ЦЕМЕНТ: Цементот се смета за дел од пародонтот. Претставува минерализирано ткиво (45% минерални соли) кој ја покрива целата површина на надворешната страна на радикуларниот дентин. Во пределот на забниот врат веднаш доаѓа под емајлот. Игра главна улога во заштитат на дентинот: феномени на хипер чуствителност на забниот врат поради недоволна заштита на дентинот од страна на цементот. Цементот е калцифицирано ткиво аналогно на коската.Под дејство на симулации може како и коската да подлежи на модификација како ( ресорпција и апозиција). Цементот овозможува прикачување на пародонталниот лигамент од алвеоларната коска со коренот на забот. Дезмондонталните влакна се фиксирани за цементот и алвеоларната коска. Цементот го овозможува прикачувањето и фиксирањето на забот.

4. ДЕЗМОДОНТ : Дезмодонтот е исто така наречен пародонтален лигамент, алвео-дентален лигамент или периодонт.Дезмодонтот служи за суспензија на забот. Дезмодонтските влакна го овозможуваат фиксирањето на забот со алвеоларната коска. Претставува едно помалку придвижно зглобување: амфиартроза. Претставува сврзно ткиво изградено од мрежа на влакна ориентирани и групирани во канали кои се прикачени за цементот и во алвеоларната коска. Дезмодонтот ја потполнува празнината меѓу коренот на забот и алвеоларната коска. Неговата главна улога е да ги фиксира забите во нивните алвеоли и да гава отпор на силите кои учествуваат за време на мастикацијата, бруксизмот итн.Дезмодонтот е силно инервиран и иригиран од крвната циркулација. Има и хранителна улога на пародонтот ( крвни и лимфни садови) , регенративна улога ( клетки : фибробласти), регулација и координација на мандибуларните движења преку нервни завршетоци ( рефлексен лак), амортизација на притисокот меѓу двете забни лакови (спротивно на имплантот кој е неподвижен во коската).

УЛОГАТА НА ПАРОДОНТОТ:

  • Да му даде цврстина на забот
  • Да ја ремоделира структурата на измени во зависност на возраста
  • Да озовможи сигурни бариери за ефикасна одбрана ( епителен атачамент, усната празнина како септична средина).

ПАРОДОНТАЛНИ БОЛЕСТИ:

Пародонталните болести, или пародонтопатии, се најчестата причина за загубата на забите. бројот на овие влијанија влијаат заедно со нивото на оралната хигиена. Сите овие болести се воспалителни, најголемиот дел од инфективно потекло, предизивикано од денталниот плак кој секојдневно се акумулира во пределот на забите. Тутунот сега се смета за прв ризик фактор за развој на пародонтопатија. Клиничките знаци се: црвенило, едеми, крварења, лачење на ексудат, гингивална хиперплазија, улцерации, присуство на плак и тартаратни соли на калциум, повлекување на гингивата, халитоза, чувствителност и болка во неприсуство на кариес, дентална мобилност. Треба да се направи разлика меѓу пародонтопатија и гингивитис

Гингивитисот е поим кој се употребува за нападнати гингиви во главно се анатомски лимитирани во колагените влакна. Атачаментот е здрав. Нема загуба на атачаментот. Гингивитисот е реверзибилен.

Пародонтитис: тоа се влијанија кои ги надминале колагените влакна и со намера да ги нападнат коскените ткива и создаваат забни џебови ( вдлабочување на сулкусот ) Има загуба на атачаментот. Пародонтитисот најчесто следи после гингивитис.

Напишете коментар