Микробиологијата на пародонтитисот

Пародонталните болести се инфективни болести од бактериска етиологија со воспалителни манифестации. Тие се дел од фамилијата на инфективни болести поврзани со нерамнотежата на букалната флора. Пародонтитисот се поврзува со модификации на букалниот бактериски екосистем. Неговата неурамнотеженост се појаува во најразлични форми на гингивитис и пародонтитис. Надворешното внесување на бактерии понекогаш може да биде потекло на некои форми на пародонтитис. За целосно разбирање на овие болести потребно е разгледување на бактериската флора во усната празнина.

1.Букалната флора

Бактериите од букалната флора се поделени во две големи групи во функција на нивните ѕидови: Грам позитивни и Грам негативни бактерии. Грам позитивните бактерии се повеќе бројни во нормалната букална флора. Обратно, Грам негативните бактерии се квантитативно и квалитативно позначајни кај лицата кои боледуваат од пародонтални болести. ( Слика 1).

Flore-à-Gram (1).jpg

Грам негативните бактерии обично се сместени во гингивалниот сулкус или во патолошките модификации кои создаваат пародонтални џебови. Поголемиот број од Грам негативните бактерии, стриктно анаеробни, неподвижни , се дел од фамилијата Bacteroïdaceae. Оваа фамилија ги содржи родовите Bacteroides, Fusobacterium, Porphyromonas, Prevotella. Главните Грам негативни бактерии, подвижни , се претставени преку родовите Selenomonas, centipeda и Campylobacter. Некои други бактерии, Грам негативни бацили можат да кохабитираат со бактериите кои имаат стриктен анаеробен метаболизам но поседуваат капнофилен респираторен метаболизам којшто е потолерантен на кислород. Основните родови се : Aggregatibacter (по старо Actinobacillus), Capnocytophaga, Cardiobacterium, Eikenella, Haemophilus. Грам негативни коки исто така се наоѓаат во усната празнина: Neisseria и Veillonella.

2.Пародонтални болести

Пародонталните болести се патолошки и ги напаѓаат потпорните ткива и обвивката на забот ( дезмодонтот, гингивата, цементот и алвеоларната коска). Тие ја сочинуваат првата причина за загуба на забите кај возрасните. Значајниот развој на пародонтална микробиологија во последните години се однесува директно во концепот за спецификација на бактериите. Сите студии во однос на овој концепт овозможија да се докаже дека пародонталните болести се инфективни патологии. Секој тип на пародонталната патологија претставува субгингивална флора која се состои од здруженија на микроорганизми кои се својствени за неа. Овој концепт за спецификација на бактериите е поставен благодарение на технолошкиот развој на анаеробно култивирање и поставување во нови подлоги на селективните култури. Поголмиот дел од микроорганизмите кои се дел во овои патологии се Грам негативни бацили стриктно анаеробни (Porphyromonas gingivalis, Prevotella intermedia, Tanarella forsythia, Fusobacterium nucleatum, Campylobacter rectus, Treponema denticola) или капнофили (Aggregatibacter actinomycetemcomitans, Eikenella corrodens, Capnocytophaga ochracea). Потешкотиите за изолација и идентификација на овие микроорганизми го објаснуваат фактот за непрактикување при истражување на овие патогени пародонтални причинители преку медицински анализи. Сепак, работата на различни екипи на истражувачи овозможи поврзување на идентификувани специфични бактерии со различните патолошки пародонтални форми.

3.Интерес за лабораториски тестови за пародонтитисот

Клиничарите се соочени со големиот број на клинички форми на пародонталните болести тие бараат помош од лабораториите во откривање на терапевтскиот начин. Две големи категории на лабораториски испитувања се на располагање:  бактериската култура и  молекуларните техники. Различни нивоа можат да бидат употребени од овие биолошки испитувања во функција на начинот на испитувањето: помош при дијагностицирањето, прогнозата, контролата и ефикасноста на лекувањето, индикацијата на антибиотерапијата и изборот на посоодветните молекули ( единствено за соодветната култура).

4.Дијагноза

Значаен број на микроорганизми учествува во етиологијата на пародонталните болести. Изборот на третманот и прогнозата се различни во функција на идентификуваните  патогени бактерии. Првата етапа се однесува на определување на специфичните патогени кои ги заразуваат пародонталните области на пациентот. Испитувањето може да се однесува на едно место или серија на локации кај еден пациент , со што се овозможува најдобро следење на пародонталната субгингивална флора. Молекуларните лабораториски испитувања можат да бидат искористени како метода на засилување на генетскиот материјал развиен во 1983 наречен PCR ( Полимераза рекација на синџирот). Концептот на PCR беше силно унапреден во 1993 преку развојот на новата техника наречена PCR реално време.

5.Прогноза

Присуството на некои патогени овозможува да се забележи развојот на пародонталните лезии. Поврзаноста меѓу некои видови може да ја зголеми нивната вирулентност и да го забрза процесот на уништување на пародонталните ткива ( Слика 3). Титрацијата на основните патогени бакерии дава дополнителни информации кои се од помош за клиничарот да го забележи пародонталниот патолошки развој.

test-de-sensibilite.jpg

6.Контрола и лекување

Ефикасноста на пародонталното лекување се сведува на изчезнување на клиничите симптоми и изчезнување на патогените кои се вмешани во таа патологија. Ако, после иницијалното лекување, ( локално лекување кај пациентот) се присутни воспалителни појави кои опстојуваат во некои делови и некои специфични пародонтални патогени се се уште присутни лекувањето треба да биде одново започнато  со цел да се добие изчезнување на клиничките знаци и на одговорните патогени.

Заклучок

Букалната средина е комплексна средина во која заеднички живеат голем број на микроогранизми. Состојбата на пародонталното здравје е слаба рамнотежа меѓу агресивноста на овој екосистем и одговорот на домаќинот. Сите нарушувања на оваа рамнотежа водат кон појавата на клинички инфективни и воспалителни манифестации од типот на гингивитис и пародонтитис. Подоброто познавање на овој екосистем и неговите нарушувања овозможува поставување на подобри терапевтски стратегии и  дијагностички и прогностички тестови.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s