Букодентална патологија во однос на стареењето: влијанието врз исхраната и квалитетот на животот

S. Séguier, A. Bodineau, A. Giacobbi, JC. Tavernier, M. Folliguet

Извештај од 2009

 

Познавањето на ефектите од стареењето врз различните елементи на оралната празнина и нивните клинички последици е незамисливо во чекорите при лекувањето. Тие се под влијание на комплексната физиолошка, социолошка и психолошка средина на возрасниот пациент. Ткивата и органите на оралната слузница се подложени на длабоки измени во текот на стареењето, со што се забавува нивната функција и нивниот потенцијал за приспособување и излекување. Така, оралната слузница кај постарите пациенти не може да биде идентична на онаа кај младите лица бидејќи патологиите различно се истакнуваат и ние  не можеме да добиеме исти резултати при лекувањето. Очекуваните придобивки треба да бидат зголемени, во однос на реставрација, интегритетот на телото и во однос на квалитетот на животот и здравјето на пациентот. Треба да се соочиме со ризик, и да сметаме дека полипатологијата и полимедикацијата карактеристични за возраста  и факот што одонтолошките лекувања бараат почести сеанси кои поекогаш се тешко издржливи за старите лица.

Hygiene-Bucco-Dentaire.jpg

Во првиот дел ја претставуваме измената на буко-денталните ткива ( забни органи, пародонт, слузницата и плунковите жлезди) поврзани со стареењето и орлната патологија карактеристична за старите лица;  во вториот дел ќе се задржеме на влијанието на исхраната и квалитетот на животот кај постарите лица.

I -дел

Измени на буко-денталните ткива со стареењето

 

1.Стареењето на забните ткива и кариозни лезии

Ткивата кои ги градат забните органи ( емајлот, дентинот, пулпата и цементот)  се подложени на процесот на стареење. Па така, се појавуваат пукнатини на емајлот или загуба на супстанцата преку ерозија, абразија или атриција кои се карактеристични за стареењето на забите и со тоа се овозможува изложеноста на дентинот. Физиолошкото стареење на пулпата се изразува преку делумна или целосна фиброза поврзана со стеснување на пулпарната комора. Овие состојби на значаен начин ги лимитираат потенцијалите за излекување и репарација на забните органи. Меѓу другото, калцификацијата на ѕидовите на пулпарната комора, слободна или заедно во пулпарното ткиво, најчесто се забележува. Или пак, повлекувањето на гингивата овозможува изложување на забниот корен и цементот кој ги покрива забните корени. Зоната на вкрстување меѓу коронката и коренот, наречена забен врат, има многу мала отпорност при равивање на кариозни лезии.

47.jpg

Ризикот за кариес, најчесто е покачен во детството, со тенденција да се стабилизира кај возрасните лица на средна возраст но до се зголеми одново на значаен начин кај старите лица. Кариозните лезии најмногу се „ интересираат “ за забниот врат и коренот на забот и создаваат специфична патологија кај старите лица и нивната преваленца се покачува од 18 до 51 % во однос на староста. Најпво го напаѓаат дентинот и се протегаат најчесто во обвивки кои можат да го засегнат забниот врат.  Радикуларниот кариес се развива прогресивно под гингивата и претставува потешкотија при излекувањето. Зголемувањето на ризикот за кариес кај старите лица  е последица од потешкотии при одржувањето на буко-денталната нега/ хигиена.

Меѓу анатомските и измените на ткивата, повеќе фактори се вмешани во создавањето на кариес, набљудувано според возраста:

  • Старите лица самоволно конзумираат храна богата со шеќери и јаглехирати, со мека конзистентнот и сврзлива за забот.
  • Намалување на слаивата, нелачењето на салива и намалувањето на нејзината заштитна улога предизвикува кисела pH средина која е одговорна за деминерализација на забните ткива, го поттикнува присуството на голем број бактерии и микроорганизми.
  • Намалувањето на подвижноста и загубата на автономијата претставуваат големи пречки во извршување на оралната хигиена што резултира во акумулација на бактериски плак во пределот на забниот врат.

Компликациите од страна на кариозните лезии врз пулпраните ткива се одвиваат акутно кај старите лица, со физиолошки измени на ткивата. Па според тоа, пулпитисот ( акутно воспапелние на пулптата) речиси не постои кај овие пациенти, пулпарните реакции се присутни во хронична воспалителна форма или дегенеративен процес кој се развива незабележливо. Тоа е како последица од развојот на латентни инфекции тргнувајќи од некротираните заби, без алармантна симптоматологија.

Инфективните жаришта можат да прогресираат на подолг период во форма на грануломи или перирадикуларни цисти кои се развиваат во зависност од коскеното ткиво. Буко-денталното следење и дијагностицирањето на овие инфективни жаришта најчесто се прави задоцнато и на непожелен начин, кое што може да биде предизвикано од загуба на коската која е релативно важна. Меѓу другото, најчесто се забележува пораст на патогените елементи на старите лезии кои се појавуваат како акутен абцес или целулитис на лицето кои можат да предизвикат сериозни последици ако се развиваат кај изнемоштените стари лица.

2.Стареење на пародонтот и пародонтални болести

Пародонтот се дефинира како взаемни ткива кои го обиколуваат забот и го градат неговиот систем за прицврстување. Од едната страна се разликува горен пародонтален дел, клинички видлив и се состои од гингивални ткива и од другата страна, длабокиот пародонт, вистински атачамент за прикачување на забот вклучувајќи ја алвеоларната коска, дезмодонтот ( алвео-денталниот лигамент) и цементот. Овие ткива најверојатно подлежат на измени во текот на стареењето. Измените се манифестираат со загуба на еластичноста, несоодветен изглед, мала рецесија и слабост при микробни и механички напади. Хистолошки, гингивалниот епител за разлика кај младите лица се карактеризира со колагена фиброза значајно поврзана со намалување на бројот на фибробластите и нивниот капациетет за синтеза. Алвеоларната коска, која се разликува од базалната коска преку нејзината специфична функција подлежи исто така на физиолошки измени во текот на стареењето. Се смета дека тие промени се должат на намалувањето на полиферацијата на остеогентските клетки. Овие промени се рефлектираат кај старите лица со ремоделирање, намалено приспособување на алвеоларната коска, отсуството на забите кои играат главна улога во заштитата на овие ткива (пародонтални ткива).

Parodontopatija-slika-Copy.jpg

Парадоксално, влијанието на остеопорозата врз мастикаторниот апарат беше помалку проучувано, иако оваа патологија во главно претставува голема геријатриска преокупација. Поставена била статистика меѓу висината на алвеоларниот гребен и количеството на присутен калциум во организмот. Се смета дека  коскената загуба на мандибулата е позначајна кај жените( 1, 5 % на година ), отколку кај мажите ( 0,9 % на година ). На крај алвео-денталниот лигамент, сврзно ткиво, ја извршува сврзувачката улога меѓу забот и алвеоларната коска, подлежи на промени како што се намалување на бројот на влкната. Сепак овие измени не создаваат важни последици врз функционалноста на пародонтот. Намалувањето од околу 25% на дебелината на алвео-денталниот лигамент во текот на животот е резултат на  физиолошкото намалување на мастикаторните сили во текот на годините.

Морфолошките и физиолошките промени на пародонталните ткива во текот на стареењето играат главна улога врз капацитетот на имунолошката одбрана и излекувањето на овие ткива во однос на агресијата на микробите. Потоа, патологиите кај старите лица резултираат со хендикеп и ја компрометираат практиката за одвивање на орална хигиена, а со тоа се овозможува акумулација на денталниот плак. Исто така, пародонтална болест (гингивитис или пародонтитис ) може да се најде кај 55 до 85% стари лица. Некои специфики се сметаат како постоечки за развојот на пародонталната болест кај старите лица : всушност, забавувањето на имуните огдовори може да ги објасни потешкотиите за контролирањето на клиничките воспалителни процеси, намалувањето на капацитетот за ремоделирање на ткивата е одговорно за забавување на лекувањето, на крај,  ниската pH средина на оралната празнина ја стимулира полиферацијата на патогените микроорганизми. Исто така кај старите лица најчесто се забележуваат воспалителни состојби на гингивата поврзани со улцерации и хиперплазии на ткивата.

3.Стареењето на оралната слузница и поврзани патогени

Голем број на клинички студии покажале дека оралната слузница постанува атрофична кај старите лица, прогресивно добива тенка форма поради губењето  на еластичноста. Тоа ги засега мастикаторната слузница и покровната слузница, но исто така и специјализираната слузница која е сместена врз дорзалниот дел на јазикот и на која се сместени густативните папили кои меѓу другото служат за перцепција на вкусот.

Хистолошки, измените на слузницата особено одговараат на намалувањето на дебелината на епителот, намалување на кератинизацијата, забавување на нејзината морфологија меѓу епителот и сврзното ткиво. Сепак, хистолошките промени поврзани со стареењето  се минимални, а пак нутриционите фактори или системските фактори како недостаток на железо, витамин Б или остеогени се можеби поодговорни за морфолошката и физиолошката забавеност на оралната слузница особено кај постарите лица.

Атрофијата на мастикаторната слузница и на покровната слузница предизвикува осетливост кон трауматизам и притисокот за време на мастикацијата,  тоа е објаснувањето за потешкотијата да се конзумираат потврди прехранбени производи и малата толеранција кон носење на дентални протези. На крај, физиолошката атрофија на густативните папили набљудувани во доразлниот предел на јазикот учествува во измните на перцепцијата на вкусот и води кон пораметување на режимот на исхрана кај старите лица.

Покрај улцерациите и другите трауматски лезии, кандидијазата е една од првите патологии на оралната слузница кај старите лица. Таа е причинета од голем број фактори како што се недоволна орална хигиена, намалувањето на лачење на плунка, носење на дефектни протези, долга антибиотерапија, неконтролиран дијабетес или имунодефициенција. Клиничките лезии на кандидијазата кај старите лица најчесто се сместени во пределот на палатиналната слузница. Според нивниот стадиум на развој овие лезии  од мали еритеми водат кон големи воспалителни хиперплазии.

CandidaUsta.JPG

Меѓу другите патогени кои се среќаваат во слузницата на постарите лица да ги наведеме и фибро-епителните хиперплазии кои се појавуваат во контакт со лошо поставена протеза. Треба да се следи потенцијалот за малигна трансформација на овие хиперплазии, канцерите на оралната слузница ( која во целост е  зафатена од сквамозен орален канцер), атрофијата на слузницата е поврзана со некои хематолошки влијанија ( како што е болеста на Biermer), улцерации или хематопатски манифестации.

4.Стареењето на плунковите жлезди и создавање на плунка

Ксеростомијата, состојба на сува уста, е важен симптом кај старите лица од 25 % до 60% кај оние над 65 години. Сепак ксеростомијата, по дефиниција, е субјективна и не секогаш е поврзана со намалување на слаиварниот флуид. Спротивно од тоа хипозијалија која е дијагностицирана со помош на саливарни тестови, е објективен знак за намалување на секрецијата на плунковите жлезди.

download.jpg

Со годините, се појавуваат хистолошки промени на плунковите жлезди , особено поради атрофија и намалување на волуменот на ацинусите, неругуралност на секреторните канали, паралелно поради зголемување на сврзното и масното ткиво. Жените имаат тенденција  на позначајно зголемување на масното ткиво за разлика од мажите. Загубата на ацинуснотот ткиво се забележува кај сите плукови жлезди, 30% кај паротидните, 40% кај подвиличните и 45% кај помошните лабијални плункови жлезди. Сепак, клиничките студии кои за предмет го имале мерењето на плунковиот флуид кај старите лица се несогласни за функционалниот импакт од хистолошките промени. Резултатите многу зависат од користената метода и фактот дека  развојот на плунковата секреција не е ист за разлините плункови жлезди. Се смета дека хипозијалијата поврзана со стареењето е неважна.

Намалувањето на секреторниот потенцијал на жлездениот паренхим поврзан со други ризик фактори како што се полимедикацијата или дехидратацијата предизвикуваат појава на синдром на сува уста кај старите лица. Намаленото создавање на плунка е пронајдено во секундарните ефекти кај повеќе од 400 лекови и 80% од лековите кои најчесто се препишуваат во геријатријата се одговорни за ксеростомијата. Меѓу другото, се смета дека некои тешки болести кои се најчести кај старите лица ( Алцхајмерова болест, дијабетес, Паркенсонова болест ) се причини за појава на хипозијалија која е агресирана поради терапевтските препишани психотропни супстанции.

На крај, дишењето преку устата, кое доминира кај лицата кои имаат респираторна инсуфициенција или лицата кои се на крајот од животот, е главен фактор за напредувањето на сувата уста и други патологии кои произлегуваат од таа состојба. Покрај неудобноста и болките кои се предизвикани , хипозијалијата има функционални значајни влијанија врз потешкотиите за џвакање, голтање и говор.

II- дел

Буко-дентални патолошки влијанија врз исхраната и квалитетот на животот кај старите лица

Влијанието на буко-денталните патологии врз исхраната

Буко-денталната состојба кај старите лица генерално е нарушена така што здравјето и благосостојбата се предуслови за неправилна мастикаторна функција и правилна и квалитетна исхрана. Стареењето на оралната празнина и патологиите кои се поврзуваат со неа водат кон намалување на мастикаторниот потенцијал кој е под влијание на голем број кофактори како што се бројот на заби, мобилната состојба на забите, намалување на плунковиот флуид, евентуалното носење на протетски надомесроци, воспалена гингива или пак патологии на слузницата поврзани со болки.  Мастикаторниот потенцијал влијае врз исхраната на старите лица и има влијане врз квантитетот и квалитетот на внесените прехранбени продукти. Зачувувањето на најмалку 20 заби е неопходно за задоволителна мастикаторна функција и добра исхрана. Сепак, кај старите лица овој број на заби е ретко забележлив.  Средниот број на загубени заби кај старите лица се покачува во однос на годините, кај лицата над 65 години, бројот на залувани заби варира помеѓу 12 и 17 според земјите (Krall et al., 1998). Така, само 10% од старите лица на возраст од 75 години имаат природни 21 заби, спротивно од 72% од вкупната возрасна популација.

Загубата на забот предизвикува промени во прехранбениот режим и може да причинува ризик фактор за загуба на тежината поради нарушување на мастикаторниот потенцијал. Поради  измените во прехранбениот режим имаме отстранување на некои прехранбени продукти и прекумерно внесување на некои други продукти.  Загубата на мускулната маса поврзана со возраста ( поважна кај беспомошните лица )  исто така води кон намалување на мастикаторната ефикасност. На сето тоа се надоврзува физиолошката атрофија на слузницата, одговорна за чувствителноста кон трауматизам и мастикаторен притисок, која води кон избегнување на некои цврсти прехранбени производи.

Намалувањето на бројот на забите, незадоволителната дентална состојба, и физиолошкото стареење на буко-денталните ткива го оневозможуваат внесувањето на овошја, богати со растителни влакна, протеини и јаглехидрати. Кај лицата со нарушена дентална состојба се забележуваат недостатоци на железо, витамин А, витамин Ц, фолна киселина, тиамин и протеини.

Буко-дентална состојба и квалитето на живот

Важно е да се нагласи дека ако буко-денталната состојба е нарушена таа влијае врз исхраната, исто така го намалува квалитетот на живот на старите лица. Буко-денталните патологии заедно предизвикуваат отежнување на изговорот, дикцијата и ја отежнува секојдневната комуникација. Влијанието на букалните патологии е многу значајно за квалитетот на животот на старите лица кои се сместени во институции кои можат да се манифестираат преку когнитивни растројства, попречување или болка во оралната празнина кои пак се потекло за агресивно однесување и одбивање за одржување орална хигиена.

stari-lica.jpg


 

Заклучок

Во однос на здравствените потреби на старите лица, во последните неколку децении се прават напори за обучување на кадар од лекари специјалисти кои ќе работат на подобрување на процесот на згрижување на старите лица. Овие пациенти имаат потреба од повеќе дисциплинска екипа составена од геријатри но исто така и болничари, кинезитерапевти, ерготерапевти, психолози и нутриционисти.  Полипатологијата и хендикапите кои најчесто се присутни кај старите лица.

Во денешно време, пристапноста кон буко-дентална нега е сепак потешкотија за старите лица и недоволните структури кои се грижат за нив. Изградбата на мрежа ги вклучува слобдните практиканти, општинските структури и болничките услуги, и изгледа дека тоа е најдоброто решение за да се подобри и одржува негата на оваа популација.


Оригинален текст :

pathologie_sujet_agees

Превод од фрнацуски на македонски : Никола Богевски, забен техничар и протетичар

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s