Орална микробиологија

IMG_9698

Вовед

Оралната микробиологија ги проучува бактериите, габите и вирусите кои ја колонизираат устата. Тие опстојуваат во животот на човекот заедно во гелатинозна маса наречена биофилм. Меѓу корисната микробна флора во биофилмот се наоѓаат и специфични видови на бактерии кои предизвикуваат гингивитис и забен кариес со што се утврдува дека оралната микробиологија е комплексна. Дејствата и ефектите на само еден микроорганизам можат да влијаат врз активностите на другите, и целата колонија претставува мал екосистем во оралната празнина. Научниците продолжуваат да ја проучуваат важноста на различните типови на микроорганизми најдени во здрава или лоша орална средина.

Проучувањата на оралната микробиологија се соочуваат со потешкотии бидејќи поголемиот дел од микроорганизмите од оралната средина не можат да бидат култивирани во лабораториски услови. Во поново време, виден е прогрес во идентификацијата на бактериите со што се овозможи нивна идентификација и се определени благодарение на нивната ДНК. Оваа техника е користена во хуманиот микробиом кој ги определува сите различни бактерии присутни во организмот на човекот. Определено е дека различниот број на микроорганизми во устата е поголем од 700.

Интеракциите помеѓу различните микроорганизми може да значи дека некои микробни фактори го инхибираат или фаворизираат растењето на други. Бактеријата позната под името Streptococuc mutans која е позната по создавањето на киселина која предизвикува забен кариес може да биде закана за здравјето ако се најде помеѓу бактерија која создава алкални супстанци. Првиот тип на бактерии може да се специјализираат во оралната средина со што им се овозможува нивно залепување на забите и гингивите.

Како што научниците продолжуваат со испитувањата врз оралната микробиологија изгледа дека елиминацијата на плакот која е супстанца која содржи микроорганизми е најдобриот одговот за да се избришат болестите на забите. Елиминацијата на сите микроорганизми во оралната средина дава простор за колонизација од поопасни микроорганизми, затоа е важно да се одржи екилибрум помеѓу микроорганизмите во биофилмот за да се инхибираат некои несакани ефекти од страна на некои патогени микроорганизми кои ја колонизирале оралната празнина.

Некои научници сметаат дека бактериите кои се корисни можат да бидат искористени за изменување на екилибриумот во устата. Ако живи бактерии можат да бидат интродуирани во усната празнина кои би го попречиле порастот на микробите кои создаваат киселини и несакни дејства може да се намали забниот кариес. Друг процес за елиминација на несаканите бактерии се антимикробните молекули кои се врзуваат само со несаканите видови на бактерии.

Акумулацијата на несакани патогени бактерии е непосакувана.

  1. Бактериска микрофлора во оралната средина

Бактериите кои се наоѓаат во оралната празнина можат да се акумулираат врз или во тврдите и меките ткива, речиси секогаш формирајќи бактериски или фунгичен биофилм, тие исто така можат да постанат антибиорезистентни. Феноменот на  биохемиска бактериска атхезија и биофилмот се од големо значење за бактериите во устата, особено врз забите.

Карактеристиките на букалната средина (анимална или хумана) самата по себе е под влијание од исхрната  и помалку или повеќе има контрола врз микроорганизмите кои се наоаѓаат таму.

Овозможува вода (која се состои 99% во саливата) и голем број на хранливи материи и температура, три главни услови потребни за микробите. Овој микробиот треба сепак да создади солиден биофилм за да се спротистави на саливата за да не биде внесен во желудникот заедно со неговите киселини и ензими кои ги создава.

Тоа е случај кај анаеробните бактерии во оралната празнина кои се :  Actinomyces, Arachnia, Bacteroides, Bifidobacterium, Eubacterium, Fusobacterium, Lactobacillus, Leptotrichia, Peptococcus, Peptostreptococcus, Propionibacterium, Selenomonas, Treponema, и Veillonella.

Оралната празнина на новороденче која нема се уште заби ќе биде колонизирана од бактерии и габи кои набрзина ќе бидат пренесени а доаѓаат од микробиотот на родителите и околината, најчести примери за бактерии кои ја колонизираат оралната празнина на новороденче е Streptococcus salivarius.

Со појавата на првите заби во текот на првата година, устата е колонизирана од  Streptococcus mutans и Streptococcus sanguinis кои доаѓаат од различни површини и цврсто се прилепуваат не само на забите туку и на гингивата и образните. Зоната на гингивата исто така претставува специфичен хабитат и за другите видови на бактерии (анаеробите)

Пубертетот е еден период каде што спиротехите исто така ја колонизираат устата и длабочината на гингивата и се покажало дека некои женски полови хормони ја изменуваат природата на субгингивалниот биофилм ( во пределот помеѓу гингивата и вратот на забот).

Истражувањата покажале голема улога на оралните микроорганизми врз две тешки орални заболувања: забниот кариес и пародонталните болести.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s