About this website

13062110_1280031312012978_5909356308118409658_n Никола Богевски роден на 30.03.1993 во Кавадарци, во студиската година 2012/2013 година ги запишува своите први студии на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, насока енологија. Сепак неговиот интузијазам за проширување на неговите погледи кон светот и сфаќање дека животот е авантура го насочуваат во студиската 2015/2016 година да ги запише своите втори студии на факултетот за медицински науки при истиот универзитет како би имал можности за проширување на неговите знањеа во погледот на медицината и науката и откривање на поврзаноста меѓу физиолошките и патолошките процеси кај растенијата и човекот.

Овој сајт започнав активно да го водам со започнувањето на моите студии на медицинскиот факултет, како студент сметам дека тоа е добра пракса и за останатите студенти да водат “медицински дневник “ за подобро организирање и попрегледно учење на потребната материја. Темите кои честопати се засегнати во овој сајт се релативно интересни и поврзани со материјата која ја изучуваме по предметите. Најчесто тоа се преведени артикли од француски сајтови припратени со слики и детално објаснати. насловите се поделени во категории за полесно пронаоѓање и снаоѓање во сајтот. Планирам активно да го ажурирам и обновувам овој сајт и да претставува мој личен медицински дневник.

Огромна благодарност на посетителите на сајтот, се надевам дека секој би можел да пронајде интересни факти и артикли кои би му биле од корист.

„Примарната превенција ја превенира појавата на некои болести со редуцирање на ризик факторите, модифицирајќи ги односите и изложеноста кои можат да доведат до болести, или преку подобрување на отпорноста кон инфективните агенси. Секундарната превенција опфаќа методи за детекција и третман на претклиничките патолошки промени се со цел да се спречат да евоулираат во болести и терцијарната превенција се стреми да го редуцира импактот на болеста во однос на функциите, долговечноста и квалитетот на здравјето на  пациентот.“ – Никола Богевски

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

Advertisements