Орална микробиологија

IMG_9698

Вовед

Оралната микробиологија ги проучува бактериите, габите и вирусите кои ја колонизираат устата. Тие опстојуваат во животот на човекот заедно во гелатинозна маса наречена биофилм. Меѓу корисната микробна флора во биофилмот се наоѓаат и специфични видови на бактерии кои предизвикуваат гингивитис и забен кариес со што се утврдува дека оралната микробиологија е комплексна. Дејствата и ефектите на само еден микроорганизам можат да влијаат врз активностите на другите, и целата колонија претставува мал екосистем во оралната празнина. Научниците продолжуваат да ја проучуваат важноста на различните типови на микроорганизми најдени во здрава или лоша орална средина.

Проучувањата на оралната микробиологија се соочуваат со потешкотии бидејќи поголемиот дел од микроорганизмите од оралната средина не можат да бидат култивирани во лабораториски услови. Во поново време, виден е прогрес во идентификацијата на бактериите со што се овозможи нивна идентификација и се определени благодарение на нивната ДНК. Оваа техника е користена во хуманиот микробиом кој ги определува сите различни бактерии присутни во организмот на човекот. Определено е дека различниот број на микроорганизми во устата е поголем од 700.

Интеракциите помеѓу различните микроорганизми може да значи дека некои микробни фактори го инхибираат или фаворизираат растењето на други. Бактеријата позната под името Streptococuc mutans која е позната по создавањето на киселина која предизвикува забен кариес може да биде закана за здравјето ако се најде помеѓу бактерија која создава алкални супстанци. Првиот тип на бактерии може да се специјализираат во оралната средина со што им се овозможува нивно залепување на забите и гингивите.

Како што научниците продолжуваат со испитувањата врз оралната микробиологија изгледа дека елиминацијата на плакот која е супстанца која содржи микроорганизми е најдобриот одговот за да се избришат болестите на забите. Елиминацијата на сите микроорганизми во оралната средина дава простор за колонизација од поопасни микроорганизми, затоа е важно да се одржи екилибрум помеѓу микроорганизмите во биофилмот за да се инхибираат некои несакани ефекти од страна на некои патогени микроорганизми кои ја колонизирале оралната празнина.

Некои научници сметаат дека бактериите кои се корисни можат да бидат искористени за изменување на екилибриумот во устата. Ако живи бактерии можат да бидат интродуирани во усната празнина кои би го попречиле порастот на микробите кои создаваат киселини и несакни дејства може да се намали забниот кариес. Друг процес за елиминација на несаканите бактерии се антимикробните молекули кои се врзуваат само со несаканите видови на бактерии.

Акумулацијата на несакани патогени бактерии е непосакувана.

  1. Бактериска микрофлора во оралната средина

Бактериите кои се наоѓаат во оралната празнина можат да се акумулираат врз или во тврдите и меките ткива, речиси секогаш формирајќи бактериски или фунгичен биофилм, тие исто така можат да постанат антибиорезистентни. Феноменот на  биохемиска бактериска атхезија и биофилмот се од големо значење за бактериите во устата, особено врз забите.

Карактеристиките на букалната средина (анимална или хумана) самата по себе е под влијание од исхрната  и помалку или повеќе има контрола врз микроорганизмите кои се наоаѓаат таму.

Овозможува вода (која се состои 99% во саливата) и голем број на хранливи материи и температура, три главни услови потребни за микробите. Овој микробиот треба сепак да создади солиден биофилм за да се спротистави на саливата за да не биде внесен во желудникот заедно со неговите киселини и ензими кои ги создава.

Тоа е случај кај анаеробните бактерии во оралната празнина кои се :  Actinomyces, Arachnia, Bacteroides, Bifidobacterium, Eubacterium, Fusobacterium, Lactobacillus, Leptotrichia, Peptococcus, Peptostreptococcus, Propionibacterium, Selenomonas, Treponema, и Veillonella.

Оралната празнина на новороденче која нема се уште заби ќе биде колонизирана од бактерии и габи кои набрзина ќе бидат пренесени а доаѓаат од микробиотот на родителите и околината, најчести примери за бактерии кои ја колонизираат оралната празнина на новороденче е Streptococcus salivarius.

Со појавата на првите заби во текот на првата година, устата е колонизирана од  Streptococcus mutans и Streptococcus sanguinis кои доаѓаат од различни површини и цврсто се прилепуваат не само на забите туку и на гингивата и образните. Зоната на гингивата исто така претставува специфичен хабитат и за другите видови на бактерии (анаеробите)

Пубертетот е еден период каде што спиротехите исто така ја колонизираат устата и длабочината на гингивата и се покажало дека некои женски полови хормони ја изменуваат природата на субгингивалниот биофилм ( во пределот помеѓу гингивата и вратот на забот).

Истражувањата покажале голема улога на оралните микроорганизми врз две тешки орални заболувања: забниот кариес и пародонталните болести.

Микробиологијата на пародонтитисот

Пародонталните болести се инфективни болести од бактериска етиологија со воспалителни манифестации. Тие се дел од фамилијата на инфективни болести поврзани со нерамнотежата на букалната флора. Пародонтитисот се поврзува со модификации на букалниот бактериски екосистем. Неговата неурамнотеженост се појаува во најразлични форми на гингивитис и пародонтитис. Надворешното внесување на бактерии понекогаш може да биде потекло на некои форми на пародонтитис. За целосно разбирање на овие болести потребно е разгледување на бактериската флора во усната празнина.

1.Букалната флора

Бактериите од букалната флора се поделени во две големи групи во функција на нивните ѕидови: Грам позитивни и Грам негативни бактерии. Грам позитивните бактерии се повеќе бројни во нормалната букална флора. Обратно, Грам негативните бактерии се квантитативно и квалитативно позначајни кај лицата кои боледуваат од пародонтални болести. ( Слика 1).

Flore-à-Gram (1).jpg

Грам негативните бактерии обично се сместени во гингивалниот сулкус или во патолошките модификации кои создаваат пародонтални џебови. Поголемиот број од Грам негативните бактерии, стриктно анаеробни, неподвижни , се дел од фамилијата Bacteroïdaceae. Оваа фамилија ги содржи родовите Bacteroides, Fusobacterium, Porphyromonas, Prevotella. Главните Грам негативни бактерии, подвижни , се претставени преку родовите Selenomonas, centipeda и Campylobacter. Некои други бактерии, Грам негативни бацили можат да кохабитираат со бактериите кои имаат стриктен анаеробен метаболизам но поседуваат капнофилен респираторен метаболизам којшто е потолерантен на кислород. Основните родови се : Aggregatibacter (по старо Actinobacillus), Capnocytophaga, Cardiobacterium, Eikenella, Haemophilus. Грам негативни коки исто така се наоѓаат во усната празнина: Neisseria и Veillonella.

2.Пародонтални болести

Пародонталните болести се патолошки и ги напаѓаат потпорните ткива и обвивката на забот ( дезмодонтот, гингивата, цементот и алвеоларната коска). Тие ја сочинуваат првата причина за загуба на забите кај возрасните. Значајниот развој на пародонтална микробиологија во последните години се однесува директно во концепот за спецификација на бактериите. Сите студии во однос на овој концепт овозможија да се докаже дека пародонталните болести се инфективни патологии. Секој тип на пародонталната патологија претставува субгингивална флора која се состои од здруженија на микроорганизми кои се својствени за неа. Овој концепт за спецификација на бактериите е поставен благодарение на технолошкиот развој на анаеробно култивирање и поставување во нови подлоги на селективните култури. Поголмиот дел од микроорганизмите кои се дел во овои патологии се Грам негативни бацили стриктно анаеробни (Porphyromonas gingivalis, Prevotella intermedia, Tanarella forsythia, Fusobacterium nucleatum, Campylobacter rectus, Treponema denticola) или капнофили (Aggregatibacter actinomycetemcomitans, Eikenella corrodens, Capnocytophaga ochracea). Потешкотиите за изолација и идентификација на овие микроорганизми го објаснуваат фактот за непрактикување при истражување на овие патогени пародонтални причинители преку медицински анализи. Сепак, работата на различни екипи на истражувачи овозможи поврзување на идентификувани специфични бактерии со различните патолошки пародонтални форми.

3.Интерес за лабораториски тестови за пародонтитисот

Клиничарите се соочени со големиот број на клинички форми на пародонталните болести тие бараат помош од лабораториите во откривање на терапевтскиот начин. Две големи категории на лабораториски испитувања се на располагање:  бактериската култура и  молекуларните техники. Различни нивоа можат да бидат употребени од овие биолошки испитувања во функција на начинот на испитувањето: помош при дијагностицирањето, прогнозата, контролата и ефикасноста на лекувањето, индикацијата на антибиотерапијата и изборот на посоодветните молекули ( единствено за соодветната култура).

4.Дијагноза

Значаен број на микроорганизми учествува во етиологијата на пародонталните болести. Изборот на третманот и прогнозата се различни во функција на идентификуваните  патогени бактерии. Првата етапа се однесува на определување на специфичните патогени кои ги заразуваат пародонталните области на пациентот. Испитувањето може да се однесува на едно место или серија на локации кај еден пациент , со што се овозможува најдобро следење на пародонталната субгингивална флора. Молекуларните лабораториски испитувања можат да бидат искористени како метода на засилување на генетскиот материјал развиен во 1983 наречен PCR ( Полимераза рекација на синџирот). Концептот на PCR беше силно унапреден во 1993 преку развојот на новата техника наречена PCR реално време.

5.Прогноза

Присуството на некои патогени овозможува да се забележи развојот на пародонталните лезии. Поврзаноста меѓу некои видови може да ја зголеми нивната вирулентност и да го забрза процесот на уништување на пародонталните ткива ( Слика 3). Титрацијата на основните патогени бакерии дава дополнителни информации кои се од помош за клиничарот да го забележи пародонталниот патолошки развој.

test-de-sensibilite.jpg

6.Контрола и лекување

Ефикасноста на пародонталното лекување се сведува на изчезнување на клиничите симптоми и изчезнување на патогените кои се вмешани во таа патологија. Ако, после иницијалното лекување, ( локално лекување кај пациентот) се присутни воспалителни појави кои опстојуваат во некои делови и некои специфични пародонтални патогени се се уште присутни лекувањето треба да биде одново започнато  со цел да се добие изчезнување на клиничките знаци и на одговорните патогени.

Заклучок

Букалната средина е комплексна средина во која заеднички живеат голем број на микроогранизми. Состојбата на пародонталното здравје е слаба рамнотежа меѓу агресивноста на овој екосистем и одговорот на домаќинот. Сите нарушувања на оваа рамнотежа водат кон појавата на клинички инфективни и воспалителни манифестации од типот на гингивитис и пародонтитис. Подоброто познавање на овој екосистем и неговите нарушувања овозможува поставување на подобри терапевтски стратегии и  дијагностички и прогностички тестови.

Лепра

Лепрата е хронична бактериска болест. Таа е дел од занемарените тропски болести. Покрај постоењето на ефикасно лекување, илијадници нови случаи се пријавуваат секоја година. Лепрата останува голем здравствен проблем за повеќе земји од Африка, Азија и Јужна Америка.

Причини

Инфективниот агенс одговорен за лепрата е бактеријата Mycobacterium leprae. Оваа бактерија изгледа дека е пренослива преку назалните секрети преку близок и чест контакт со инфицирани и нелекувани лица.

Симптоми

Бацилот на лепрата се мултиплицира пребавно: периодот на инкубацијата на болеста е во просек од 5 години, но симптомите понекогаш се појавуваат на почетокот од 20 години. Болеста предизвикува кожни  и нервни лезии. Без лекување, овие лезии прогресираат и стануваат постојани, ги засегнуваат кожата, нервите, екстремитетите и очите. Разликуваме два типа на лепра: Посибацилна ( една до пет нечувствителни кожни лезии) и мултибацилна ( повеќе од пет нечувствителни кожни лезии).

Епидемиологија

Првото пишано споменување на оваа болест е од 600 година п.н.е. Веќе присутна во античките цивилизации на Кина, Египет и Индија, секогаш претставувала зло преку стигамтизирање и ексклузија.

Последните 20 години, повеќе од 12 милиони лепрозни оздравиле, и лепрата беше елиминирана во 108 од 122 земји каде што од страна на СЗО беше сметана како здравствен проблем. Но лепрата останува најголем проблем во 14 земји од Африка, Азија и Јужна Америка. Шест земји регрупираат 83% од светската преваленца и 88% од новите светски случаи: Индија, Бразил, Индонезија, Непал,Конго, Малезија, Мозамбик. Лепрата останува ендемична во голем број на земји ( Ангола, Мадагаскар, Централо Африкасната Република, Танзанија,итн). СЗО смета дека денес постојат 2,8 милиони лепрозни во светот.

Поради времто на инкубацијата на инфекцијата, кое трае повеќе години, асимптоматичните носители на  Mycobacterium leprae можат да ја пренесат болеста, со што се отежнува нејзината елиминација на светско ниво.

Лекување

Лекувањето препорачано од СЗО од 1981 овозможува болните да оздрават и да ја избегнат болеста. Се работи за полихемиотерапија (PCT), која се состои од внесување на три антибиотици ( дапсон, рифампицин и клофазимин). Поцибацилната лепра може да се излечи за 6 месеци и мултибацилната лепра за 12 месеци. И плус тоа болните не се повеќе инфективни уште по првата доза на (PCT), и нивниот капацитет за пренесување на лепрата е прекинат.Денес не се забележува никаква отпорност на бацилот кон (PCT) , а во 60 тите години била забележана отпорност кон дапсонот единствениот достапен  антилепротик.

Во Институтот Пастер

Здружението на Имунобиолози на инфекцијата водено од Caroline Demangel подетално ја проучува интеракцијата на бацилот на лепрата со клетките на нашиот имунолошки систем. Со помош на рекомбинирани бактерии, истражувачите се обидуваат да ја објасни улогата на специфичниот молекул кој е изразен од М. leprae, Фенолгликолипид PGL-1 во имуномодулаторните ефекти на бактеријата.


Оригинален текст:

http://www.pasteur.fr/fr/institut-pasteur/presse/fiches-info/lepre

Превод од француски на македонски:

Никола Богевски, студент на факултетот за медицински науки , Универзитет Гоце Делчев, Штип, Македонија

Ботулизамот е невролошко сериозно нарушување предизвикано од премногу моќен токсин создаден од бактеријата Clostridium botulinum. Таа значајно се развива во лошо конзервираните продукти, и болеста воглавно резултира со алиментарна интоксикација. Иако ботулизамот е редок неговата смртност останува висока кога лекувањето не е навремено и брзо.

Причини

Патогениот агенс имплицира во ботулизамот бактерија наречена Clostridium botulinum (C. botulinum). Екстремниот токсин којшто таа го синтетизира е одговорен за болеста. Од седум познати типови на ботулизам познати денес, четири ( тип A, B, E и пореткиот F ) го напаѓаат човекот.

Симптоми

Ботулизмот се појавува после инкубацијата од неколку часа до неколку дена, во зависност од начинот на контаминацијата. Воглавно, лицата кои ги делеле истите прехранбени продукти манифестираат идентични симптоми, но со мали изменувања. Тие започнуваат со окуларни напади (пречки во насочувањето, матен поглед), сувост на устата придружена со тешко голтање и говор, парализа на мускулите. Во напредната форма, тие евоулираат кон парализа на респираторните мускули. Недоволната респирација ја причинува смртта. Може да се разликуваат повеќе форми на ботулизам, детски ботулизам и ботулизам при повреда.

Детски ботулизам

Причинува анорексија кај новороденчето, забавување на извиците и немање контрола на главата, запек, парализа и недоволна респирација која се јавува во сериозни форми. Оваа форма на ботулизам се должи на интестиналната колонизација од C. botulinum, така што алиментарниот ботулизам резултира со ботулистичка токсикација во храната. Медот но и ингестијата на прав која содржи спори на C. botulinum се познати како одгворни за ботулизамот, кој што исто така може да се најде и кај возрасниот.

Ботулизам преку повреда

Оваа форма се должи на контаминација од C. botulinum како во случајот на тетанус. Но симптомите се состојат од окуларна инволвираност, проблеми со голтањето, парализа на горните екстремитети. Овој ботулизам е редок и се среќава најчесто кај лицата кои се дрогираат преку инјектирање.

Ботулизмот во 5 до 10 % е смртоносен според начинот на причинетата токсикација, токсините од типот А и Е се најсериозните форми.

Епидемиологија

Во Франција, ботулизамот е редок: средната инциденца се стабилизира од 1980 година од 20-30 домови на година, и вовлекува еден на тројца болни. Се работи најглавно за домовите, алиментарниот ботулизам се поврзува со фамилијарна конзумација , но и производи кои имаат поширока дистрибуција. Формите на инфантилниот ботулизам и ботулизамот од повреди се поретки.

Сепак во Франција случаите на ботулизам одговараат на прехранбени интоксикации, преку ингестија на токсини создадени од C. botulinum во лошо чуваните производи кои не биле подложени на стерилизација.Во месото кое било фамилијарно консумирано. Најголемата инциденцата на ботулизам  која била сигнализирана последниве години го засегнува пределот на Кавказ ( Арменија, Азарбејџан и Грузија), каде што таквите кулинарски практики се вообичаени.

Следењето на сегашните случаи овие последни години, значајно последните четири години, потсетуваат на неопходноста за следење на оваа болест. Националните структури за следење на болеста, како Националниот центар  за референција на анаеробни бактерии и ботулизам, или Заводот за здравствена заштита, потенцираат „ потребата за внимателно следење и подобрување на ботулизамот, за подобро да се сфатат еподемиологијата и евоулуцијата на болеста, и  да се адаптираат според потребните мерките за превенција и контрола“

Поретко, болеста може да се пренеси преку рани, или кај доенчето ( инфантилен ботулизам), преку ингестија на спори од бактеријата која благодарение на интестиналната заштита од страна на дигестивната флора може да ги колонизира цревата, да создаде и ослободи токсин.Сепак не постои зараза од човек на човек. Детскиот ботулизам е најчестата форма во САД. Во Европа ботулизамот преку рани е релативно значаен во Германија и Англија овие последни години.

Лекување и превенција

Лекувањето на ботулизамот е главно симптоматичко и се одвива во тогашната форма, интензивни респираторни лекувања со вентилација. Серотерапијата е воведена во тешките форми, но таа е ефикасна ако се администрира превентивно, во првите 24 часа по јавувањето на симптомите. Големиот дел од болните кои се лекуваат оздравуваат но третамнот може да трање повеќе месеци.

Антибиотиците немаат никакво дејство врз ботулитичките токсини, и не се препишуваат кај возрасните. Но во спротивно тие се неоходни во случаите на детски ботулизам, за да ја уништат бактеријата сместена во дигестивниот тракт на новороденчето.

Антибиотска вакцина

Постои антибиотска вакцина, но е резервирана за изложени лица кои на пример работат во лабораторија, и може да предизвика значително несакни ефекти.

Мерките за превенција се  однесуваат на почитување на правилата за хигиена при подготовката и зачувувањето на храната, се со цел да се превенира развојот на  C. botulinum и создавањето на токсини.

Терапевтски употреби на ботулински токсин

Познат е по тоа што предизвикува штети , но ботулинскиот токсин има терапевтски благодети. Тоа е лесен лек користен за лекување на состојби предизвикани од холинергичните активности како што е дистонија, бунтовничкиот тортикулис, блефароспазам, хемифацијална парализа, спастичност, но исто така и главоболки, хиперсекреција на гастроинтестинални нарушувања. Ботулинскиот токсин исто така се користи и во козметологијата.

Во Институтот Пастер

Националниот центар за референција на анаеробните бактерии и ботулизам CNR , управувана од Michel Popoff, се стреми да контрибуира надгледување на хуманиот и ветеринарниот ботулизам, анализирајќи ги примероците кои му ги адресираат клиничарите во случај на сомневање за ботулизам. Ботулизамот се смета меѓу болестите со задолжително пријавување во Франција.CNR веднаш ги сигнализира новите потврдени случаи на Институтот за здравствен надзор l’Institut de veille sanitaire (InVS).


Оригинален текст :

http://www.pasteur.fr/fr/institut-pasteur/presse/fiches-info/botulisme

Превод француски на македонски : Никола Богевски, студент на факултетот за медицински науки, при Универзитетот Гоце Делчев-Штип, Македонија

 

Имуните одговори одговараат на механизмите за одбрана на организмот кој ги дискриминира „своите “ од „несвоите“. Овие механизми се постанати се повеќе комплексни поради евоулуцијата на видовите се со цел да ги соборат патогените агенси кои самите по себе евоулираат постојано. Меѓу овие патогени агенси спаѓаат бактериите, вирусите, паразитите и клеточните тумори.
Два типа на имуни одговори влегуваат во игра:

  • Од една страна вродениот имун одговор ( или природен) кој што реагира веднаш.
  • Од друга страна стекнатиот имун одговор (или специчичен) кој  е подоцнежен.

1. Вроден имун одговор

Вродениот имун одговор е првата линија за одбрана кон инфективните агенси и патогени кои не опкружуваат нас, и тоа кај сите повеќеклеточни организми. Тој се јавува веднаш во функција 4 дена (96 часа). Внимавајте, што и да кажеме, вродениот имун одговор не е “неспецифичен“

Тој внесува во игра различни начини на одбрана:

  • Конституивен начин како бариера на кожата-мукозата.
  • Индуцирани начини како фагоцитозата и инфламаторниот одговор, кој ги користи фагоцитарните клетки и цитокинините.

Вродениот имун одговор се јавува веднаш по сигнал за опасност емитиран веднаш по специфична интеракција меѓу рецепторите на молекулите на имунолошкиот систем PRR и молекулите кои не се на имунолошкиот систем наречени PAMP Pathogen Associated Molecular Patterns претставени како микроорганизми кои се патогени или не.

PRR се групи на рецептори, чии гени не се полиморфни и сите исто реагираат во зависност на видот. Овие рецептори се искажуваат но ниво на различните клетки: макрофагите, дендричните клетки ( CD), клетките NK « natural killer », полинуклеарните , мастоцитите и отпорните клетки ( фибробластите, мускулните клетки, епителните клетки)

2.Стекнат имун одговор

Стекнатиот имун одговор е втората линија за одбрана против инфективните агенси и постои единствено кај ’рбетниците. Тој се поставува на место зз време од 4 дена и се карактеризира со особени лимфоцити кои имаат голема улога. Лимфоцитите ги има во два вида, лимфоцити B (LB) и лимфоцити T ( LT).

Вродениот имунитет ќе интервенира со рецепторите BCR присутни во LB и рецепторите TCR присутни во лимфоцитите LT; овие рецептори ќе препознаат само еден единствен лиганд. Всушност еден лимфоцит е програмиран да одговори на еден антиген, и тој претставува еден тип на рецептор.

Лимфоцитите Т се одговорни за клеточниот одговор и лимфоцитите B за хуморалниот одговор.

Маларија, болест од која умрел Александар Македонски

Маларијата е болест предизвикана од паразити од родот Plasmodium. Според СЗО, оваа болест со наврати причинува од 1 милион жртви на годишно ниво во светот. Околу 40% од светската популација е изложена на болеста и 500 милиони клинички случаи се забележуваат секоја година. Ситуацијата е исто така напната како и во изминатите години , паразитите развиваат отпорност кон антималариските молекули и комарците се помалку се плашат од инсектицидите. Денес не постои на располагање ниедна вакцина.

Причини

Маларијата е заразна болест потенцијално смртна која се должи на повеќе видови на паразити кои припаѓаат на родот Plasmodium. Паразитот се пренесува на човек преку убод на заразен комарец.Сите овие комарци “вектори“ на маларијата припаѓаат на родот Anopheles.

Симптоми

Клиничките манифестации на маларијата се премногу различни. Маларијата започнува преку треска од 8 до 30 дена после инфекцијата, којашто може да биде препратена или не со главоболки, болки во мускулите, истоштеност, повраќање,дијареи, кашлица. Типични циклуси на наизменична треска, тресење и ладна пот и интензивно потење може да биде проследено: тоа е „маларија“. Периодичноста на овој циклус зависи од видот на причинскиот паразит, и бројот на мултипликации на паразитот и распаѓањето на еритроцитите (црвените крвни зрнца), кои доведуват исто така до анемија. Маларијата предизвикана од P. falciparum може да биде фатална ако не е лекувана. Во некои случаи, заразените еритроцити може да ги попречат крвните садови кои го снабдуваат мозокот: тоа е невромаларијата, најчесто смртна.

Во регионите каде маларијата е високо ендемична, еден дел од популацијата е асимптоматичен носител. По неколку години од хроничната инфекција од страна на паразитот, некои индивидуи го толерираат нејзиното присуство и развиваат природен имунитет ( „стекнат имунитет“).

Епидемиологија

Маларијата ги засегнува околу стотина земји во светот, особено  дефаворизираните тропски зони од Африка, Азија и Јужна Америка. Африка е од далеку континент најзасегнат со 90% од случаите на маларија забележани во овие тропски зони. Епидемиите може да се шират преку миграција на популацијата помалку изложена на маларија кон зоните кои се обично ендемични.

Malaria_map.PNG

Европа исто така познава случаи на маларија кои се импортирани. Во Франција во 2011,3560 импортирани случаи беа пријавени ( извор InVS)

 Различни видови на малариски паразити кои се имплицирани

Четири видови од паразитите  од родот Plasmodium се одговорни за болеста кај човекот:

Plasmodium falciparum е најпатогениот и одговорен вид за смртните случаи. Тој е присутен во тропските зони на Африка, Јужна Америка и Азија, тој е доминантен во Африка;

Plasmodium vivax co-опстојува со Plasmodium falciparum  во голем број на делови од светот и е присутен во некои умерени региони;

Plasmodium ovale, најпрво пронајден во Западна Африка , не убива но може да предизвика одново појава на болеста дури и по 4 до 5 години од примарната инфекција;

Plasmodium malariae  има светска но нееднаква распространетост. Не е смртоносен но може да предизвика појавување на болест дури и по 20 години од примарната инфекција.

Пренесување

Маларијата се пренесува на човек од страна на убод од женски комарец, од родот Anopheles, самиот заразен по убодот на заразен човек од маларија: женката, носејќи оброк со потребна крв во нејзиното гнездо, го инјектира паразитот во нејзиниот домаќин. Мажјаците не прават убоди.

Пренесувањето на Plasmodium од човек на човек се прави интермедиерно со комарците, најпрво за причината беа одговорни Anopheles gambiae врз африканскиот континент. Постои само еден случај на директна  интер-хумана зараза, додека заразената трудница го заразува нејзиното дете преку плацентата (траснплацентарен пат).

Циклус на паразитот

Циклусот на Plasmodium е комплексен и се состои од две важни етапи: асексуална фаза кај човекот и сексуална фаза кај комарецот.

Женката го инјектира во човекот паразитот во форма на „спорозоид“. Тој брзо мигрира преку циркулацијата на крвта кон црниот дроб. Пенетрира во хепатоцитот ( клетка на црниот дроб) каде пребрзо и активно се дели за да да се размножи,и за неколку дена да создаде од десетици до милијарди нови паразити: „мерозоиди“. клетката на црниот дроб  распукнува ослободувајќи ги овие паразити во крвта: Таму, тие навлегуваат во внатрешноста на еритроцитите (црвените крвни зрна) и се мултиплицираат. Штом тие распукнуваат ослободените мерозоиди инфицираат нови црвени зрнца ( еритроцитен циклус).

После неколку циклуси на реппликација на мерозоидите, сексуалните паразити машки и женски (гаметоцити) се формираат во црвените крвни зрна. Штом комарец прави убод на заразено лице, тој ги внесува овие гаметоцити, кои се трансформираат во гамети. Нивното созревање создава зигот, кој се преобликува во ооциста во дигестивната туба на комарецот. Ооцистите создаваат спорозоиди, кои водат кон плунковите жлезди на комарецот. Нов циклус може да започне.

nrg2126-f1.jpg

Задоцнежната појава на маларија е забележана за време на инфекција од P.vivax и P. ovale и се должи на можноста на овие видови да опстанат во латентна форма (хипнозоиди) во хепатоцитите кај човекот.

Превенција и лекување

Повеќе анти-малариски молекули кои можат да бидат користени во профилаксата ( превенција за време на патување во ендемична зона) или терапевтска превенција. Најпознати се хлорокин или кинин. Други, како мефлокин, се користени во регионите каде живеат паразити резистентни на хлорокин.

Препорачано превентивно лекување

Опасно е да отидете во зона со интензивно пренесување на маларија без да се направи превентивен третман, особено за децата и трудниците кои имаат сериозен ризик. Превентивниот третман треба да биде препишан од страна на лекар. Тој се грижи за посетените зони ( ризик, постоење или не на отпорност), траење на патувањето и исто така за личноста: возраста, медицинска историја, нетолерантност кон антималарици, можна медикаментска интеракција, бременост.

Но анти-малариските лекови не гарантираат абсолутна заштита против инфекцијата и важно е исто така да се заштитите од убоди на комарци ( мрежи за комарци и спрејови за против комарци)

Ниеден превентивен начин не осигурува самиот по себе тотална заштита и, дури ако третманот е добро спроведен, можно е настане криза на маларија, понекогаш со задоцнета појава. Првите симптоми се најчесто помалку алармантни но маларијата може да биде смртоносна ако нејзиното лекување е задоцнето. Исто, во случај на треска дури и лесна, гадење, главоболки, вкочанетост или замор за време на престојот или во месеците кои следат после враќањето веднаш консултирајте се со лекар.Потребно е да биде земен примерок од крв за да се потврди дијагнозата. Сите трески по враќањето од тропски предели треба да бидат сметани однапред како маларични се додека не се потврди спротивното.

Пронаоѓање на вакцина

Денес, нема вакцина на рапсолагање за борба против маларијата. Во Институтот Пастер Institut Pasteur, повеќе екипи работат за елаборацијата на вакцината против маларијата и повеќе кандидати се на овие истражувања.

Тешко поставување 

Една од најглавните потешкотии во поставувањето на вакцината против Plasmodium е тоа што во текот на својот живот, паразитот успешно поминува преку повеќе стадиуми со интензивните фази на асексуална мултипликација кај човекот ( во клетките на црниот дроб- хепатична фаза- потоа во црвените крвни зрнца- еритроцитна фаза-) и потоа следи фаза на сексуална мултипликација, кај инсектот. Секој стадиум завршува со ослободување на различни форми, значи носачи на различни антигени кои создаваат различни имунолошки одговори, со што дотолку повеќе се комплицира пронаоѓањето на вакцината.

Во Институтот Пастер

Голем број на екипи од Институтот Пастер се оддаваат на истражувањето врз маларијата.Што се однесува на истражувањето на вакцината, повеќе екипи водат фондаментални истражувања како кај човекот така и кај паразитот Plasmodium и неговиот вектор, комарецот Anophèle. Тие истражувања се незамисливи ако сакаме да се најде начин за борба против маларијата.

Покрај тоа, Институтот Пастер е дел од важна европска програма, именувана EVIMalaR, која регрупира 17 институти за истражување или универзитети од 7 европски земји и партнери во 3 земји од Африка (Мали, Судан, Уганда). Објективот на оваа програма е да се продлабочат познавањата за основата на паразитот одговорен за болеста, комарците вектори, како и биологијата на различните интеркации меѓу различни домаќини ( вектори и цицачи ) и паразитот.

Четири години за да се развие нов антималариски кандидат

Една од пречките е борбата пртотив маларијата е отпорноста на паразитот Plasmodium кон актуелните лекови. Наспроти потенцијалниот терапевтски придонес, нови молекули трееба да бидат развиени за да се подготват лековите од иднината.

Тоа е предметот на овој проект Malaria Proteases Inhibition” (MaPI) кој е координиран од Jean-Christophe Barale. Започнат во 2012, MaPI лежи врз валидацијата на две нови терапевтски цели, протеините  SUB1 и SUB2,неопходни за паразитот за да навлезе и излезе од клетката на црниот дроб и црвените крвни зрнца кај човекот.

Поддржан преку финансирање од Националната Агенција за Истражување Agence Nationale pour la Recherche, MaPI вклучува повеќе екипи од Институтот Пастер од Париз и Камбоџа, исто така и индустриски партнери, Санофи. Главниот објектив на проектот се состои , во текот на четири години да се дојде до идентификација и да се оптимизира инхибитор за  SUB1 и/или SUB2 преку интегрирано доближување кое се должи на повторливиот циклус на синтеза и биолошка евалуација. Целта е исто така да се дефинира нов антималаричен кандидат подложен да влезе во напредна клиничка фаза.


Оригинален текст:

http://www.pasteur.fr/fr/institut-pasteur/presse/fiches-info/paludisme

Превод од француски : Никола Богевски, студент на факултетот за медицински науки

DSC_6027-1

Helicobacter pylori (H. pylori) е бактерија една од микроорганизмите уницелуларни кои можат да предизвикаат инфективни болести кај луѓето и животните која расте во слузницата на желудникот.Helicobacter pylori причинува тековна инфекција во желудникот. Исто така е причина за развој на канцер на желудникот и некои типови на лимфома на желудникот.

Инфекцијата од H. pylori е тековна. Воглавно, стапката на инфекција од H. pylori е поголема во земјите во развој отколку во развиените земји. Кај некои канаѓани, стапката на инфекција е поголема, меѓу другото кај старите народи и имигрантите од Јапонија, Кореа и Кина кадешто инцинденцата од инфекцијата на H. pylori е голема.

Во поголемиот дел од случаите, луѓето се заразени од H. pylori уште на детска возраст. Инфекцијата од  H. pylori трае речиси цел живот освен ако е лекувана. Мнозинството од  заболените лица од инфекцијата не појавуваат симптоми или проблеми со здравјето поврзани со бактеријата. Некои лица чија инфекција е хронична појавуваат симптоми, како болки во желудникот, гадење, повраќање. H. pylori  може да предизвика хронични инфламаци кои се одвиваат во внатрешноста на желудникот ( гастритис) и улкуси (чирови) на желудникот.Околу 10 д0 15% од заболените лица развиваат гастродуоденална улкусна болест, лезии или чирови во слузницата на желудникот или дуоденумот ( првиот дел од интестиналното црево).

helicobacter_pylori.jpg

 Почеток

Не знаеме точно како  H. pylori се шири, но се мисли дека е присутна во заразената храна и вода. Лицето може да ја добие оваа бактерија јадејќи храна која не е добро измиена и правилно зготвена. Исто така може да ја добие пиејќи вода која произлегува од заразен извор. Бактеријата исто се пренесува од едно на друго лице преку директен контакт со саливата или солите на инфицираната личност.

Факторите на ризик поврзани со инфекцијата од H. pylori меѓу другите се:

  • Пренаселено живеалиште
  • лоша хигиена
  • многу браќа и сестри ( особено ако ги делат нивните кревети)
  • нискиот социо-економски статус

H. pylori и канцер

Инфекцијата од H. pylori причинува некои канцери и други болести.

Канцер на желудникот

Инфекцијата од H. pylori е главната причина за канцер на желудникот (гастричен). H. pylori предизвикува хроничен гастритис, за кој се верува дека е првата етапа на канцерот на желудник. H. pylori е важна причина но не и единствена за појава на аденокарцином, најчест тип на канцер кој се појавува на некардијалните региони на желудникот. Кардијалниот регион на желудникот е мал горен дел на желудникот сместен пред хранопроводот. Некардијалните региони се другите делови на желудникот. Аденокарциномот претставува дури до 95% од сите канцери на желудникот.

Помалку од 3% од лицата кои имаат инфекција од H. pylori еден ден би биле нападнати од канцер на желудникот.

Лимфома на МALT

Инфекцијата од H. pylori е поврзана со ризикот на појавата на лимфома на МALT на желудникот.Тоа е тип на лимфома не-Хочкин (ЛНХ). Лимфомата на желудникот претставува 2% од сите канцери на желудникот. Речиси сите лимфоми на MALT на желудникот се поврзани со  H. pylori.Лицата инфицирани од  H. pylori ризикуваат да заболат од лимфома на MALT (помалку од 1%)

 Други болести

Се поставува врска помеѓу H. pylori и другите болести, како канцер на панкреас и колоректален канцер, но  нема доволно докази за со сигурност да се каже дека е ризк фактор за овие канцери.

Некои обсервации овозможуваат да се оди кон тоа дека H. pylori може исто така да помогне да се превенираат некои инфантилни (детски) болести, како астма. Може исто така да најавува болести кај возрасните, како аденокарцином на хранопроводот. Треба да се направат повеќе истражувања за да се потврдат овие откритија.

Како да ја откриеме инфекцијата на H. pylori?

Може да се открие  H. pylori со помош на различни методи

Тест Опис
Респираторен тест

Тест на уреа здив (UBT) е неинвазивна алатка за откривање на H. pylori инфекција. Тоа е многу ефикасна. Во Канада, овој тест фаворизира меѓу сите неинвазивни тестови за откривање на H. pylori инфекција.

Анализа на крвта

Анализа на крвта (серологија) овозможува да се откријат специфични антитела на H. pylori кои ги создава имунолошкиот систем како одговор на оваа бактерија. Анализата на крвта покажува ако лицето било изложено на H. pylori. Позитивен резултат покажува дека инфекцијата е присутна или дека лицето некогаш било заразено.

Aнализа на столицата

Некои анализи овозможуваат  откривање на антигените. Антигени- туѓи супстанции иницирани од имунолошкиот систем за да создаде антитела против H. pylori во клетките. Иако анализата на столицата која испитува антигени е прецизна и лесна за изведба не е исто ефикасна како другите тестови за откривање  на H. pylori.

Во некои случаи, се прави дигестивна ендоскопија (гастроскопија) за да се дијагностицира инфекцијата од H. pylori. За време на интервенцијата лекарот прави биопсија на обвивката на желудникот. Овие мостри служат за да се потврди дијагнозата на  H. pylori и откривање на компликации поврзани со инфекцијата од H. pylori, како гастродуоденални или други здравствени проблеми.

 

Кој треба да се тестира за инфекција од H. pylori?

Канадската Helicobacter Study Group (CHSG) изработи директни мерки за лекување на инфицираните лица од H. pylori, за децата и возрасните. Не се препорачува да се прави систематски тест за потврдување кај возрасен или дете кое не ги појавува симптомите (асимптоматични) и кои немаат гастродуоденални улкуси и болести. Повеќето од експертите се согласуваат да кажат дека нема потреба од масовно тестирање за откривање и лекување на инфекцијата од H. pylori.

Сепак , постојат потреби за тестирање и лекувае на H. pylori кај некои лица со поголем ризик:

  • Разумно е да се тестира и открие инфекцијата на H. pylori кај лица кои појавуваат симптоми на диспепсија, како болки или малаксаност во горниот дел на абдоменот, гастритичен улкус или дуоденален или историјат на чирови.
  • Треба да се направи тест на лицата кои доаѓаат од региони каде инциденцата на  H. pylori е висока или инциденцата на канцер на желудникот е повисока или нивните предци доаѓаат од тие региони и треба да бидат лекувани од оваа бактерија.
  • Треба да се направи тест испитување на лицата чии предци заболеле од канцер на желудникот кај родителите од прв степен (татко, мајка, сестра или деца) и треба исто така да бидат лекувани против инфекцијата на  H. pylori
    • Треба да се тестираат лицата кои заболеле од лимфома и да ги лекуваме ако резултатот е позитивен.
  • Да се направи контролен тест за инфекција од  H. pylori на лицата кои треба да бидат хируршки оперирани за канцер на желудникот.
  • Треба да се направи тест за испитување на H. pylori на лица кои долго време земале антиинфламаторни стероиди или ацетилсалицилна киселина (аспирин) и да се лекуваат ако резултатот е позитивен.

Во Јапонија,Кореја и тајван, инциденцата на инфекцијата од H. pylori и канцер е се уште висока. Овие земји нудат програма за бесплатно тестирање на популацијата за да се открие и лекува инфекцијата од H. pylori.

Лекување на инфекција од H. pylori

Инфектираните лица од  H. pylori обично примаат триерапија која трае од 7 до 14 дена.

  • Тритерапијата се состои од  еден инхибитор на протонска пумпа и 2 антибиотици.
    • Лекот наречен  IPP (инхибитор на протонска пумпа) го намалува создавањето на киселина во желудникот, со што се овозможува  да закрепне оштетеното ткиво од инфекцијата.
    • Антибиотиците помгаат да се осигура ефикасноста на лекувањето
    • Квадритерапијата е друг третман. Таа се состои од еден инхибитор на протонска пумпа , 2 антибиотици исто така и субсалицилат  на бизмут.
    • Субсалицилатот на бизмут е лек користен за вознемирувања на желудникот. Тој помага за забавување на растот на бактериите.

Инфекцијата на  H. pylori обично реагира на лекувањето. Лекувањето ја оздравува инфекцијата од  H. pylori кај 80 до 90% од случаите.

  • La plupart des lymphomes du MALT de bas grade qui sont liés à l’infection à H. pylori peuvent être guéris si on se débarrasse de cette bactérie. Le traitement du H. pylori est fortement lié à la rémission du lymphome du MALT de bas grade.

Немаме доволно докази да го спроведеме лекувањето кај децата заболени од инфекцијата на  H. pylori за да се превенира канцерот на желудникот кој евентуално би се појавил подоцна.

 Намалување на ризикот

Се уште не се знае од каде доаѓа H. pylori , па затоа не постојат специфични препораки за да се избегне инфекцијата. Воглавно, сепак е мудро да:

  • целосно се мијат рацете
  • се консумираат алиментарни продукти кои се соодветно приготвени
  • да се пие вода од здрави и сигурни извори

Оригинален текст: http://www.cancer.ca/fr-ca/cancer-information/cancer-101/what-is-a-risk-factor/viruses-bacteria-and-other-infectious-agents/h-pylori/?region=on

Превод од фрнцуски на македонски: Никола Богевски