АНГУЛАРЕН ХЕИЛИТ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НАРУШЕНИ МЕЃУВИЛИЧНИ ОДНОСИ

Ангуларниот хеилит е воспаление на лабијалната комисура, воспаление на аглите на усните. Може да биде уни или билатерален. Кличничките манифестации се различни : едноствни еритеми и фисури во воспалителниот предел, крути лезии или хиперкератозични кои формираат улцерации. Лезиите се болни, лесно крварат при контакт и го лимитираат отворањето на устата. Можно е проширување кон усните или  кон соседните кожни регии. Се појавува на повеќе начини, некои од причините за ангуларниот хеилит се ( еритем, леукоплазија, гингивитис или глоситис) и при негова дијагноза треба да се направат систематски анализи.


Аngular heilit is inflammation od the labial commissure, inflammation of the corners of the lips. It may be unilateral or bilateral. The heilit appears as a lesions which are painful, bleed easily on contact and limit the opening of the mouth. It is expanding to the lips or to neighboring skin areas. Appears in many ways, some of the causes of angular heilit are (erythema, leukoplazija, gingivitis or glossitis) and its diagnosis should be made systematic analysis.


Ангуларниот хеилит е орално патолошко нарушување на слузницата во пределот на аглите на усните предизвикано од најразлични фактори кои можат да бидат локални или системски или пак може да се појави поради нарушени меѓувилични односи кога зборуваме за тотална беззабост кај пациентите кои имаат потреба од тотална протеза. Токму на оваа причина за појава на ангуларниот хеилит ќе биде ставен акцентот за подетално разгледување на последиците од тоталната беззабост која предизвикува нарушување на меѓувиличните односи.

 Меѓу другите причини за појава на воспаление на аглите на усните или ангуларниот хеилит се споменуваат патогените бактерии имунодефициентноста, гингивитисот, леукоплазијата. При појава на ангуларниот хеилит пациентот има болни улцерации кои лесно крварат и го ограничуваат отворањето на устата, поради тоа веднаш мора да се пристапи кон соодветното лекување, но за негова дијагноза потребно е причинителите да се бараат системски.


  1. Ангуларен хеилит

Често е асоциран со губење на забите, лошо затворање на устата, што води до нагласување на кожните набори на аглите на устата. Константното слевање на плунка во кожните набори создава идеални услови за габични и бактериски инфекции. Кај 20% од случаите причинител е Candida albicans, кај 60% е комбинација на Candida albicans и Staphylococcus aureus и во 20% од случаите Staphylococcus aureus самостојно. Дефицитот на железо или Б-витамини предиспонира за развој на хеилит. Кај беззабите пациенти ангуларниот хеилит е честа појава и тоа поради доле наведените причини.

  1. Ангуларен хеилит кај беззабите пациенти како последица на нарушени меѓувилични односи

Поради тоталното губење на забите се променува оклузијата, односно вертикалното променување на оклузијата и нарушените меѓу вилични односи предизвикуваат воспаление на аглите на усните при нивното движење и контактот со саливата.

Клинички се манифестира со разбиена пукнатина, често ерозивна и накосена надолу со озрачување на аглите на усните. Оваа болна лезија може да се објасни со неприлагодена протеза во  вертикалната димензија на оклузијата.

Поставувањето на тоталната протеза, нарушувањата на оклузијата (недоволна висина на забна артикулација ) се одговорни за појавата на абнормална плика која продолжува кон лабијалната комисура. Оваа плика лесно постанува седиште за ангуларниот хеилит преку мацерација или габична и бактериска инфекција.

2.1 Знаци за ангуларен хеилит

Присуството на сквамозни црвени фисури обично билатерални во пределот на лабијалните комисури.

2.2 Симптоми

Симптомите на ангуларниот хеилит најчесто се појавуваат локално во пределот на лезијата и можат да варираат од асимптоматични до интензивно болни манифестации кои најчесто се иритацијата, печење  и чешање.

2.3 Испитувања

Ако пациентот носи протези: Дали протезите се удобни? Дали вертикалната димензија на оклузијата е соодветна? ( Лошо поставените протези може да предизвикаат појава на плики кои создаваат удобна средина за манифестација на ангуларниот хеилит.)

При дијагнозата на ангуларниот хеилит исто така треба да се обрни внимание на допирот на аглите на усните со јазикот од страна на пациентот. Се гледа количеството и промените на плунката која се создава.

Се испитува дали пациентот чуствува печење или намалување на вкусот- знаци кои можат да индицираат габична букална инфекција. Потврдниот одговор може да води кон реинфекција и ангуларен хеилит. Конзумацијата на тутунот може исто така да води кон ангуларен хеилит и за добро поставување на дијагнозата треба да се испитаат систематските нарушувања на здравјето на пациентот.

Потребно е да се направат цитолошки култури и лабораториски анализи за да се откријат локалните или систематските фактори.

2.4 Дијагноза

Дијагнозата за ангуларниот хеилит лежи врз клиничките испитувања на еритематозните лезии на лабијалната комисура а особено кај тотално беззабите пациенти да се испитаат меѓувиличните односи и да се утврди нивно нарушување.

2.5 Третман

Третманот за лекувања на ангуларниот хеилит кај беззабите пациенти кои носат тотални протези најпрво се тргнува со евалуација на тоталната протеза а потоа и следење на букоденталната хигиена, хигиената на протезата, следење на плунката и плунковите жлезди, евалуација на микозната орална патогена флора.


Заклучок

Нарушените меѓувилични односи и губењето на вертикалната димензија на оклузијата кај старите лица и кај тотално беззабите пациенти предизвикува појава на крути црвени еритеми во пределот на лабијалната комисура, лезии кои предизвикуваат чешање, печење, лесно крварат при допир и предизвикуваат болки и непријатности за пациентот. Иако причините за појава на ангуларниот хеилит беа различни но веќе од горе напишаното спомнавме дека најчесто ангуларниот хеилит се поврзува со тоталната беззабост и тоталната протеза. Па така штом се пронајде причината може лесно да се пронајде и третманот. Овде се става значење на правилното изработување на протезата и нејзиното задржување на вертиканлната димензија на оклузијата.

Накратко се опишани симптомите, знаците и начинот на дијагностицирање на ангуларниот хеилит кој мислам дека како орално патолошка манифестација се појавува кај поголема група на луѓе не само кај старите лица и беззабите пациенти. Пациентите засегнати од ангуларниот хеилит може да бидат децата и имунодефициентите лица. Но сепак ова орално патолошко нарушувања настанува како резултат на колониите на патогени бактерии и надразнување на оралната слузница при нарушени контакти меѓу двете вилици. Поимот  ангуларен хелитит всушност ако го преведеме буквално ќе утврдиме дека станува збор за воспаление на усните агли.

 

Advertisements

Орална микробиологија

IMG_9698

Вовед

Оралната микробиологија ги проучува бактериите, габите и вирусите кои ја колонизираат устата. Тие опстојуваат во животот на човекот заедно во гелатинозна маса наречена биофилм. Меѓу корисната микробна флора во биофилмот се наоѓаат и специфични видови на бактерии кои предизвикуваат гингивитис и забен кариес со што се утврдува дека оралната микробиологија е комплексна. Дејствата и ефектите на само еден микроорганизам можат да влијаат врз активностите на другите, и целата колонија претставува мал екосистем во оралната празнина. Научниците продолжуваат да ја проучуваат важноста на различните типови на микроорганизми најдени во здрава или лоша орална средина.

Проучувањата на оралната микробиологија се соочуваат со потешкотии бидејќи поголемиот дел од микроорганизмите од оралната средина не можат да бидат култивирани во лабораториски услови. Во поново време, виден е прогрес во идентификацијата на бактериите со што се овозможи нивна идентификација и се определени благодарение на нивната ДНК. Оваа техника е користена во хуманиот микробиом кој ги определува сите различни бактерии присутни во организмот на човекот. Определено е дека различниот број на микроорганизми во устата е поголем од 700.

Интеракциите помеѓу различните микроорганизми може да значи дека некои микробни фактори го инхибираат или фаворизираат растењето на други. Бактеријата позната под името Streptococuc mutans која е позната по создавањето на киселина која предизвикува забен кариес може да биде закана за здравјето ако се најде помеѓу бактерија која создава алкални супстанци. Првиот тип на бактерии може да се специјализираат во оралната средина со што им се овозможува нивно залепување на забите и гингивите.

Како што научниците продолжуваат со испитувањата врз оралната микробиологија изгледа дека елиминацијата на плакот која е супстанца која содржи микроорганизми е најдобриот одговот за да се избришат болестите на забите. Елиминацијата на сите микроорганизми во оралната средина дава простор за колонизација од поопасни микроорганизми, затоа е важно да се одржи екилибрум помеѓу микроорганизмите во биофилмот за да се инхибираат некои несакани ефекти од страна на некои патогени микроорганизми кои ја колонизирале оралната празнина.

Некои научници сметаат дека бактериите кои се корисни можат да бидат искористени за изменување на екилибриумот во устата. Ако живи бактерии можат да бидат интродуирани во усната празнина кои би го попречиле порастот на микробите кои создаваат киселини и несакни дејства може да се намали забниот кариес. Друг процес за елиминација на несаканите бактерии се антимикробните молекули кои се врзуваат само со несаканите видови на бактерии.

Акумулацијата на несакани патогени бактерии е непосакувана.

  1. Бактериска микрофлора во оралната средина

Бактериите кои се наоѓаат во оралната празнина можат да се акумулираат врз или во тврдите и меките ткива, речиси секогаш формирајќи бактериски или фунгичен биофилм, тие исто така можат да постанат антибиорезистентни. Феноменот на  биохемиска бактериска атхезија и биофилмот се од големо значење за бактериите во устата, особено врз забите.

Карактеристиките на букалната средина (анимална или хумана) самата по себе е под влијание од исхрната  и помалку или повеќе има контрола врз микроорганизмите кои се наоаѓаат таму.

Овозможува вода (која се состои 99% во саливата) и голем број на хранливи материи и температура, три главни услови потребни за микробите. Овој микробиот треба сепак да создади солиден биофилм за да се спротистави на саливата за да не биде внесен во желудникот заедно со неговите киселини и ензими кои ги создава.

Тоа е случај кај анаеробните бактерии во оралната празнина кои се :  Actinomyces, Arachnia, Bacteroides, Bifidobacterium, Eubacterium, Fusobacterium, Lactobacillus, Leptotrichia, Peptococcus, Peptostreptococcus, Propionibacterium, Selenomonas, Treponema, и Veillonella.

Оралната празнина на новороденче која нема се уште заби ќе биде колонизирана од бактерии и габи кои набрзина ќе бидат пренесени а доаѓаат од микробиотот на родителите и околината, најчести примери за бактерии кои ја колонизираат оралната празнина на новороденче е Streptococcus salivarius.

Со појавата на првите заби во текот на првата година, устата е колонизирана од  Streptococcus mutans и Streptococcus sanguinis кои доаѓаат од различни површини и цврсто се прилепуваат не само на забите туку и на гингивата и образните. Зоната на гингивата исто така претставува специфичен хабитат и за другите видови на бактерии (анаеробите)

Пубертетот е еден период каде што спиротехите исто така ја колонизираат устата и длабочината на гингивата и се покажало дека некои женски полови хормони ја изменуваат природата на субгингивалниот биофилм ( во пределот помеѓу гингивата и вратот на забот).

Истражувањата покажале голема улога на оралните микроорганизми врз две тешки орални заболувања: забниот кариес и пародонталните болести.

Букодентална патологија во однос на стареењето: влијанието врз исхраната и квалитетот на животот

S. Séguier, A. Bodineau, A. Giacobbi, JC. Tavernier, M. Folliguet

Извештај од 2009

 

Познавањето на ефектите од стареењето врз различните елементи на оралната празнина и нивните клинички последици е незамисливо во чекорите при лекувањето. Тие се под влијание на комплексната физиолошка, социолошка и психолошка средина на возрасниот пациент. Ткивата и органите на оралната слузница се подложени на длабоки измени во текот на стареењето, со што се забавува нивната функција и нивниот потенцијал за приспособување и излекување. Така, оралната слузница кај постарите пациенти не може да биде идентична на онаа кај младите лица бидејќи патологиите различно се истакнуваат и ние  не можеме да добиеме исти резултати при лекувањето. Очекуваните придобивки треба да бидат зголемени, во однос на реставрација, интегритетот на телото и во однос на квалитетот на животот и здравјето на пациентот. Треба да се соочиме со ризик, и да сметаме дека полипатологијата и полимедикацијата карактеристични за возраста  и факот што одонтолошките лекувања бараат почести сеанси кои поекогаш се тешко издржливи за старите лица.

Hygiene-Bucco-Dentaire.jpg

Во првиот дел ја претставуваме измената на буко-денталните ткива ( забни органи, пародонт, слузницата и плунковите жлезди) поврзани со стареењето и орлната патологија карактеристична за старите лица;  во вториот дел ќе се задржеме на влијанието на исхраната и квалитетот на животот кај постарите лица.

I -дел

Измени на буко-денталните ткива со стареењето

 

1.Стареењето на забните ткива и кариозни лезии

Ткивата кои ги градат забните органи ( емајлот, дентинот, пулпата и цементот)  се подложени на процесот на стареење. Па така, се појавуваат пукнатини на емајлот или загуба на супстанцата преку ерозија, абразија или атриција кои се карактеристични за стареењето на забите и со тоа се овозможува изложеноста на дентинот. Физиолошкото стареење на пулпата се изразува преку делумна или целосна фиброза поврзана со стеснување на пулпарната комора. Овие состојби на значаен начин ги лимитираат потенцијалите за излекување и репарација на забните органи. Меѓу другото, калцификацијата на ѕидовите на пулпарната комора, слободна или заедно во пулпарното ткиво, најчесто се забележува. Или пак, повлекувањето на гингивата овозможува изложување на забниот корен и цементот кој ги покрива забните корени. Зоната на вкрстување меѓу коронката и коренот, наречена забен врат, има многу мала отпорност при равивање на кариозни лезии.

47.jpg

Ризикот за кариес, најчесто е покачен во детството, со тенденција да се стабилизира кај возрасните лица на средна возраст но до се зголеми одново на значаен начин кај старите лица. Кариозните лезии најмногу се „ интересираат “ за забниот врат и коренот на забот и создаваат специфична патологија кај старите лица и нивната преваленца се покачува од 18 до 51 % во однос на староста. Најпво го напаѓаат дентинот и се протегаат најчесто во обвивки кои можат да го засегнат забниот врат.  Радикуларниот кариес се развива прогресивно под гингивата и претставува потешкотија при излекувањето. Зголемувањето на ризикот за кариес кај старите лица  е последица од потешкотии при одржувањето на буко-денталната нега/ хигиена.

Меѓу анатомските и измените на ткивата, повеќе фактори се вмешани во создавањето на кариес, набљудувано според возраста:

  • Старите лица самоволно конзумираат храна богата со шеќери и јаглехирати, со мека конзистентнот и сврзлива за забот.
  • Намалување на слаивата, нелачењето на салива и намалувањето на нејзината заштитна улога предизвикува кисела pH средина која е одговорна за деминерализација на забните ткива, го поттикнува присуството на голем број бактерии и микроорганизми.
  • Намалувањето на подвижноста и загубата на автономијата претставуваат големи пречки во извршување на оралната хигиена што резултира во акумулација на бактериски плак во пределот на забниот врат.

Компликациите од страна на кариозните лезии врз пулпраните ткива се одвиваат акутно кај старите лица, со физиолошки измени на ткивата. Па според тоа, пулпитисот ( акутно воспапелние на пулптата) речиси не постои кај овие пациенти, пулпарните реакции се присутни во хронична воспалителна форма или дегенеративен процес кој се развива незабележливо. Тоа е како последица од развојот на латентни инфекции тргнувајќи од некротираните заби, без алармантна симптоматологија.

Инфективните жаришта можат да прогресираат на подолг период во форма на грануломи или перирадикуларни цисти кои се развиваат во зависност од коскеното ткиво. Буко-денталното следење и дијагностицирањето на овие инфективни жаришта најчесто се прави задоцнато и на непожелен начин, кое што може да биде предизвикано од загуба на коската која е релативно важна. Меѓу другото, најчесто се забележува пораст на патогените елементи на старите лезии кои се појавуваат како акутен абцес или целулитис на лицето кои можат да предизвикат сериозни последици ако се развиваат кај изнемоштените стари лица.

2.Стареење на пародонтот и пародонтални болести

Пародонтот се дефинира како взаемни ткива кои го обиколуваат забот и го градат неговиот систем за прицврстување. Од едната страна се разликува горен пародонтален дел, клинички видлив и се состои од гингивални ткива и од другата страна, длабокиот пародонт, вистински атачамент за прикачување на забот вклучувајќи ја алвеоларната коска, дезмодонтот ( алвео-денталниот лигамент) и цементот. Овие ткива најверојатно подлежат на измени во текот на стареењето. Измените се манифестираат со загуба на еластичноста, несоодветен изглед, мала рецесија и слабост при микробни и механички напади. Хистолошки, гингивалниот епител за разлика кај младите лица се карактеризира со колагена фиброза значајно поврзана со намалување на бројот на фибробластите и нивниот капациетет за синтеза. Алвеоларната коска, која се разликува од базалната коска преку нејзината специфична функција подлежи исто така на физиолошки измени во текот на стареењето. Се смета дека тие промени се должат на намалувањето на полиферацијата на остеогентските клетки. Овие промени се рефлектираат кај старите лица со ремоделирање, намалено приспособување на алвеоларната коска, отсуството на забите кои играат главна улога во заштитата на овие ткива (пародонтални ткива).

Parodontopatija-slika-Copy.jpg

Парадоксално, влијанието на остеопорозата врз мастикаторниот апарат беше помалку проучувано, иако оваа патологија во главно претставува голема геријатриска преокупација. Поставена била статистика меѓу висината на алвеоларниот гребен и количеството на присутен калциум во организмот. Се смета дека  коскената загуба на мандибулата е позначајна кај жените( 1, 5 % на година ), отколку кај мажите ( 0,9 % на година ). На крај алвео-денталниот лигамент, сврзно ткиво, ја извршува сврзувачката улога меѓу забот и алвеоларната коска, подлежи на промени како што се намалување на бројот на влкната. Сепак овие измени не создаваат важни последици врз функционалноста на пародонтот. Намалувањето од околу 25% на дебелината на алвео-денталниот лигамент во текот на животот е резултат на  физиолошкото намалување на мастикаторните сили во текот на годините.

Морфолошките и физиолошките промени на пародонталните ткива во текот на стареењето играат главна улога врз капацитетот на имунолошката одбрана и излекувањето на овие ткива во однос на агресијата на микробите. Потоа, патологиите кај старите лица резултираат со хендикеп и ја компрометираат практиката за одвивање на орална хигиена, а со тоа се овозможува акумулација на денталниот плак. Исто така, пародонтална болест (гингивитис или пародонтитис ) може да се најде кај 55 до 85% стари лица. Некои специфики се сметаат како постоечки за развојот на пародонталната болест кај старите лица : всушност, забавувањето на имуните огдовори може да ги објасни потешкотиите за контролирањето на клиничките воспалителни процеси, намалувањето на капацитетот за ремоделирање на ткивата е одговорно за забавување на лекувањето, на крај,  ниската pH средина на оралната празнина ја стимулира полиферацијата на патогените микроорганизми. Исто така кај старите лица најчесто се забележуваат воспалителни состојби на гингивата поврзани со улцерации и хиперплазии на ткивата.

3.Стареењето на оралната слузница и поврзани патогени

Голем број на клинички студии покажале дека оралната слузница постанува атрофична кај старите лица, прогресивно добива тенка форма поради губењето  на еластичноста. Тоа ги засега мастикаторната слузница и покровната слузница, но исто така и специјализираната слузница која е сместена врз дорзалниот дел на јазикот и на која се сместени густативните папили кои меѓу другото служат за перцепција на вкусот.

Хистолошки, измените на слузницата особено одговараат на намалувањето на дебелината на епителот, намалување на кератинизацијата, забавување на нејзината морфологија меѓу епителот и сврзното ткиво. Сепак, хистолошките промени поврзани со стареењето  се минимални, а пак нутриционите фактори или системските фактори како недостаток на железо, витамин Б или остеогени се можеби поодговорни за морфолошката и физиолошката забавеност на оралната слузница особено кај постарите лица.

Атрофијата на мастикаторната слузница и на покровната слузница предизвикува осетливост кон трауматизам и притисокот за време на мастикацијата,  тоа е објаснувањето за потешкотијата да се конзумираат потврди прехранбени производи и малата толеранција кон носење на дентални протези. На крај, физиолошката атрофија на густативните папили набљудувани во доразлниот предел на јазикот учествува во измните на перцепцијата на вкусот и води кон пораметување на режимот на исхрана кај старите лица.

Покрај улцерациите и другите трауматски лезии, кандидијазата е една од првите патологии на оралната слузница кај старите лица. Таа е причинета од голем број фактори како што се недоволна орална хигиена, намалувањето на лачење на плунка, носење на дефектни протези, долга антибиотерапија, неконтролиран дијабетес или имунодефициенција. Клиничките лезии на кандидијазата кај старите лица најчесто се сместени во пределот на палатиналната слузница. Според нивниот стадиум на развој овие лезии  од мали еритеми водат кон големи воспалителни хиперплазии.

CandidaUsta.JPG

Меѓу другите патогени кои се среќаваат во слузницата на постарите лица да ги наведеме и фибро-епителните хиперплазии кои се појавуваат во контакт со лошо поставена протеза. Треба да се следи потенцијалот за малигна трансформација на овие хиперплазии, канцерите на оралната слузница ( која во целост е  зафатена од сквамозен орален канцер), атрофијата на слузницата е поврзана со некои хематолошки влијанија ( како што е болеста на Biermer), улцерации или хематопатски манифестации.

4.Стареењето на плунковите жлезди и создавање на плунка

Ксеростомијата, состојба на сува уста, е важен симптом кај старите лица од 25 % до 60% кај оние над 65 години. Сепак ксеростомијата, по дефиниција, е субјективна и не секогаш е поврзана со намалување на слаиварниот флуид. Спротивно од тоа хипозијалија која е дијагностицирана со помош на саливарни тестови, е објективен знак за намалување на секрецијата на плунковите жлезди.

download.jpg

Со годините, се појавуваат хистолошки промени на плунковите жлезди , особено поради атрофија и намалување на волуменот на ацинусите, неругуралност на секреторните канали, паралелно поради зголемување на сврзното и масното ткиво. Жените имаат тенденција  на позначајно зголемување на масното ткиво за разлика од мажите. Загубата на ацинуснотот ткиво се забележува кај сите плукови жлезди, 30% кај паротидните, 40% кај подвиличните и 45% кај помошните лабијални плункови жлезди. Сепак, клиничките студии кои за предмет го имале мерењето на плунковиот флуид кај старите лица се несогласни за функционалниот импакт од хистолошките промени. Резултатите многу зависат од користената метода и фактот дека  развојот на плунковата секреција не е ист за разлините плункови жлезди. Се смета дека хипозијалијата поврзана со стареењето е неважна.

Намалувањето на секреторниот потенцијал на жлездениот паренхим поврзан со други ризик фактори како што се полимедикацијата или дехидратацијата предизвикуваат појава на синдром на сува уста кај старите лица. Намаленото создавање на плунка е пронајдено во секундарните ефекти кај повеќе од 400 лекови и 80% од лековите кои најчесто се препишуваат во геријатријата се одговорни за ксеростомијата. Меѓу другото, се смета дека некои тешки болести кои се најчести кај старите лица ( Алцхајмерова болест, дијабетес, Паркенсонова болест ) се причини за појава на хипозијалија која е агресирана поради терапевтските препишани психотропни супстанции.

На крај, дишењето преку устата, кое доминира кај лицата кои имаат респираторна инсуфициенција или лицата кои се на крајот од животот, е главен фактор за напредувањето на сувата уста и други патологии кои произлегуваат од таа состојба. Покрај неудобноста и болките кои се предизвикани , хипозијалијата има функционални значајни влијанија врз потешкотиите за џвакање, голтање и говор.

II- дел

Буко-дентални патолошки влијанија врз исхраната и квалитетот на животот кај старите лица

Влијанието на буко-денталните патологии врз исхраната

Буко-денталната состојба кај старите лица генерално е нарушена така што здравјето и благосостојбата се предуслови за неправилна мастикаторна функција и правилна и квалитетна исхрана. Стареењето на оралната празнина и патологиите кои се поврзуваат со неа водат кон намалување на мастикаторниот потенцијал кој е под влијание на голем број кофактори како што се бројот на заби, мобилната состојба на забите, намалување на плунковиот флуид, евентуалното носење на протетски надомесроци, воспалена гингива или пак патологии на слузницата поврзани со болки.  Мастикаторниот потенцијал влијае врз исхраната на старите лица и има влијане врз квантитетот и квалитетот на внесените прехранбени продукти. Зачувувањето на најмалку 20 заби е неопходно за задоволителна мастикаторна функција и добра исхрана. Сепак, кај старите лица овој број на заби е ретко забележлив.  Средниот број на загубени заби кај старите лица се покачува во однос на годините, кај лицата над 65 години, бројот на залувани заби варира помеѓу 12 и 17 според земјите (Krall et al., 1998). Така, само 10% од старите лица на возраст од 75 години имаат природни 21 заби, спротивно од 72% од вкупната возрасна популација.

Загубата на забот предизвикува промени во прехранбениот режим и може да причинува ризик фактор за загуба на тежината поради нарушување на мастикаторниот потенцијал. Поради  измените во прехранбениот режим имаме отстранување на некои прехранбени продукти и прекумерно внесување на некои други продукти.  Загубата на мускулната маса поврзана со возраста ( поважна кај беспомошните лица )  исто така води кон намалување на мастикаторната ефикасност. На сето тоа се надоврзува физиолошката атрофија на слузницата, одговорна за чувствителноста кон трауматизам и мастикаторен притисок, која води кон избегнување на некои цврсти прехранбени производи.

Намалувањето на бројот на забите, незадоволителната дентална состојба, и физиолошкото стареење на буко-денталните ткива го оневозможуваат внесувањето на овошја, богати со растителни влакна, протеини и јаглехидрати. Кај лицата со нарушена дентална состојба се забележуваат недостатоци на железо, витамин А, витамин Ц, фолна киселина, тиамин и протеини.

Буко-дентална состојба и квалитето на живот

Важно е да се нагласи дека ако буко-денталната состојба е нарушена таа влијае врз исхраната, исто така го намалува квалитетот на живот на старите лица. Буко-денталните патологии заедно предизвикуваат отежнување на изговорот, дикцијата и ја отежнува секојдневната комуникација. Влијанието на букалните патологии е многу значајно за квалитетот на животот на старите лица кои се сместени во институции кои можат да се манифестираат преку когнитивни растројства, попречување или болка во оралната празнина кои пак се потекло за агресивно однесување и одбивање за одржување орална хигиена.

stari-lica.jpg


 

Заклучок

Во однос на здравствените потреби на старите лица, во последните неколку децении се прават напори за обучување на кадар од лекари специјалисти кои ќе работат на подобрување на процесот на згрижување на старите лица. Овие пациенти имаат потреба од повеќе дисциплинска екипа составена од геријатри но исто така и болничари, кинезитерапевти, ерготерапевти, психолози и нутриционисти.  Полипатологијата и хендикапите кои најчесто се присутни кај старите лица.

Во денешно време, пристапноста кон буко-дентална нега е сепак потешкотија за старите лица и недоволните структури кои се грижат за нив. Изградбата на мрежа ги вклучува слобдните практиканти, општинските структури и болничките услуги, и изгледа дека тоа е најдоброто решение за да се подобри и одржува негата на оваа популација.


Оригинален текст :

pathologie_sujet_agees

Превод од фрнацуски на македонски : Никола Богевски, забен техничар и протетичар

 

 

Микробиологијата на пародонтитисот

Пародонталните болести се инфективни болести од бактериска етиологија со воспалителни манифестации. Тие се дел од фамилијата на инфективни болести поврзани со нерамнотежата на букалната флора. Пародонтитисот се поврзува со модификации на букалниот бактериски екосистем. Неговата неурамнотеженост се појаува во најразлични форми на гингивитис и пародонтитис. Надворешното внесување на бактерии понекогаш може да биде потекло на некои форми на пародонтитис. За целосно разбирање на овие болести потребно е разгледување на бактериската флора во усната празнина.

1.Букалната флора

Бактериите од букалната флора се поделени во две големи групи во функција на нивните ѕидови: Грам позитивни и Грам негативни бактерии. Грам позитивните бактерии се повеќе бројни во нормалната букална флора. Обратно, Грам негативните бактерии се квантитативно и квалитативно позначајни кај лицата кои боледуваат од пародонтални болести. ( Слика 1).

Flore-à-Gram (1).jpg

Грам негативните бактерии обично се сместени во гингивалниот сулкус или во патолошките модификации кои создаваат пародонтални џебови. Поголемиот број од Грам негативните бактерии, стриктно анаеробни, неподвижни , се дел од фамилијата Bacteroïdaceae. Оваа фамилија ги содржи родовите Bacteroides, Fusobacterium, Porphyromonas, Prevotella. Главните Грам негативни бактерии, подвижни , се претставени преку родовите Selenomonas, centipeda и Campylobacter. Некои други бактерии, Грам негативни бацили можат да кохабитираат со бактериите кои имаат стриктен анаеробен метаболизам но поседуваат капнофилен респираторен метаболизам којшто е потолерантен на кислород. Основните родови се : Aggregatibacter (по старо Actinobacillus), Capnocytophaga, Cardiobacterium, Eikenella, Haemophilus. Грам негативни коки исто така се наоѓаат во усната празнина: Neisseria и Veillonella.

2.Пародонтални болести

Пародонталните болести се патолошки и ги напаѓаат потпорните ткива и обвивката на забот ( дезмодонтот, гингивата, цементот и алвеоларната коска). Тие ја сочинуваат првата причина за загуба на забите кај возрасните. Значајниот развој на пародонтална микробиологија во последните години се однесува директно во концепот за спецификација на бактериите. Сите студии во однос на овој концепт овозможија да се докаже дека пародонталните болести се инфективни патологии. Секој тип на пародонталната патологија претставува субгингивална флора која се состои од здруженија на микроорганизми кои се својствени за неа. Овој концепт за спецификација на бактериите е поставен благодарение на технолошкиот развој на анаеробно култивирање и поставување во нови подлоги на селективните култури. Поголмиот дел од микроорганизмите кои се дел во овои патологии се Грам негативни бацили стриктно анаеробни (Porphyromonas gingivalis, Prevotella intermedia, Tanarella forsythia, Fusobacterium nucleatum, Campylobacter rectus, Treponema denticola) или капнофили (Aggregatibacter actinomycetemcomitans, Eikenella corrodens, Capnocytophaga ochracea). Потешкотиите за изолација и идентификација на овие микроорганизми го објаснуваат фактот за непрактикување при истражување на овие патогени пародонтални причинители преку медицински анализи. Сепак, работата на различни екипи на истражувачи овозможи поврзување на идентификувани специфични бактерии со различните патолошки пародонтални форми.

3.Интерес за лабораториски тестови за пародонтитисот

Клиничарите се соочени со големиот број на клинички форми на пародонталните болести тие бараат помош од лабораториите во откривање на терапевтскиот начин. Две големи категории на лабораториски испитувања се на располагање:  бактериската култура и  молекуларните техники. Различни нивоа можат да бидат употребени од овие биолошки испитувања во функција на начинот на испитувањето: помош при дијагностицирањето, прогнозата, контролата и ефикасноста на лекувањето, индикацијата на антибиотерапијата и изборот на посоодветните молекули ( единствено за соодветната култура).

4.Дијагноза

Значаен број на микроорганизми учествува во етиологијата на пародонталните болести. Изборот на третманот и прогнозата се различни во функција на идентификуваните  патогени бактерии. Првата етапа се однесува на определување на специфичните патогени кои ги заразуваат пародонталните области на пациентот. Испитувањето може да се однесува на едно место или серија на локации кај еден пациент , со што се овозможува најдобро следење на пародонталната субгингивална флора. Молекуларните лабораториски испитувања можат да бидат искористени како метода на засилување на генетскиот материјал развиен во 1983 наречен PCR ( Полимераза рекација на синџирот). Концептот на PCR беше силно унапреден во 1993 преку развојот на новата техника наречена PCR реално време.

5.Прогноза

Присуството на некои патогени овозможува да се забележи развојот на пародонталните лезии. Поврзаноста меѓу некои видови може да ја зголеми нивната вирулентност и да го забрза процесот на уништување на пародонталните ткива ( Слика 3). Титрацијата на основните патогени бакерии дава дополнителни информации кои се од помош за клиничарот да го забележи пародонталниот патолошки развој.

test-de-sensibilite.jpg

6.Контрола и лекување

Ефикасноста на пародонталното лекување се сведува на изчезнување на клиничите симптоми и изчезнување на патогените кои се вмешани во таа патологија. Ако, после иницијалното лекување, ( локално лекување кај пациентот) се присутни воспалителни појави кои опстојуваат во некои делови и некои специфични пародонтални патогени се се уште присутни лекувањето треба да биде одново започнато  со цел да се добие изчезнување на клиничките знаци и на одговорните патогени.

Заклучок

Букалната средина е комплексна средина во која заеднички живеат голем број на микроогранизми. Состојбата на пародонталното здравје е слаба рамнотежа меѓу агресивноста на овој екосистем и одговорот на домаќинот. Сите нарушувања на оваа рамнотежа водат кон појавата на клинички инфективни и воспалителни манифестации од типот на гингивитис и пародонтитис. Подоброто познавање на овој екосистем и неговите нарушувања овозможува поставување на подобри терапевтски стратегии и  дијагностички и прогностички тестови.

Пародонтитис

Пародонтитисот е најчеста болест која ги афектира ткивата кои ги опкружуваат забите, и која создава последици врз буко-денталната рамнотежа и имаат импакт врз целото здравје.

1.Анатомија: пародонт

Поимот пародонт ги опишува ткивата кои ги опкружуваат забите и ја осигуруваат нивната потпора, постојат 4 ткива:

  • Гингива, формирана од букалната слузница, покриена со кератинизирана обвивка. Таа ја покрива внатрешната и надворешната страна на виличната коска и ги затегнува забите.
  • Алвеоларната коска ги опкружува забите и претставува нивна примарна потпора, се протега врз базалната коска која ја формира вилицата. Нејзината форма евоулира, способна е да се ремоделира и да ја променува големината во функција на некои услови ( растење на заб кај децата, екстракција на заб , итн.)
  • Цементот е минерализирано ткиво кое личи на коската и го покрива коренот на забот
  • Дезмодонт: исто така наречен и алвео-дентален лигамент, овозможува спврзување на забот со алвеоларната коска. Се состои од заемни влакна кои се закачуваат на едната страна на  надворешноста на цементот и од  другата за алвеоларната коска. Игра главно улога при амортизација на забот и амортизација на шокот при кој подлежат забите.

2.  Причини за болеста

Пародонтитисот инфективна болест:

  • Поврзана е со неурамнотеженоста во поглед на оралната флора. Усната празнина е природно населена со бактерии. Се случува нормалната здрава бакетериска флора да биде заменете од патогени бактерии, агресивни за пародонталните ткива. Меѓу бактериите причинители за болеста најчесто ги среќаваме Porphyromonas gingivalis  и Actinobacillus actinomycetemcomitans.
  • Исто така оваа болест е поврзана со грешки на имуниот систем. Лицата кои се заолени од Сида на пример се особено чувствителни.

Некои ризик фактори можат да доведат до развој на пародотитис, како што се тутунот и алкохолот.

3. Симптоми и карактеристики на продонтитисот

Пародонтитисот се манифестира преку различни симптоми, кои што треба да го алармираат пациентот да посети консултација со заболекар:

  • Отечена гингива, црвена , спонтано крвари или при четкањето на забите, понекогаш е болна;
  • се формираат празнини или забите се раделуваат
  • забите почнуваат да стануваат мобилни
  • Појава на лош здив.

4.Компликации на болеста

Пародонтитисот создава ресорбција на алвеоларната коска и ситрукција на пародонталниот лигамент; забот се разлабавува поради загубата на атачаментот. Ако ситуацијата не подлежи на соодветна терапија, можна е ектракција на забот.

Болеста се генерализира за сите заби и влијае врз рамнотежата на дентицијата.

Постојат исто така поврзаности меѓу пародонтитисот и другите болести:

  • Пациентите кои боледуваат од пародонтитис имаат поголеми шанси да развијат кардиоваскуларни болести. Ризикот од инфаркт е двоен.
  • Пациентите кои страдаат од дијабетис имаат поголеми шанси за побрз развој на пародонтитис.
  • Пародонтитисо исто така го зголемува ризикот од добивање на белодробни инфекции.

 Забелешка : Трудниците кои страдаат од некои форми на продонтитис за време на бременоста имаат голем ризик од прерано раѓање.

5. Превенција и лекување на пародонтитисот

 Буко-дентална хигиена

Pour prévenir et enrayer la parodontite, il est indispensable d’avoir une bonne hygiène bucco-dentaire, pour éliminer les bactéries et empêcher la formation de tarte. Il convient :

  • de se brosser les dents deux fois par jour, avec une brosse à dent souple pour ne pas endommager les gencives, changée tous les deux mois ;
  • d’utiliser des bossettes inter-dentaires ou du fil de soie pour accéder aux zones difficiles ;
  • de bénéficier d’un détartrage régulier chez le dentiste.

Surfaçage radiculaire

Le dentiste procède à un nettoyage complet et en profondeur des dents et de leurs racines pour assurer l’élimination des poches parodontales. Ce traitement se déroule sous anesthésie locale.

Traitement antibiotique

Pour détruire les bactéries responsables de la dégradation des tissus, le dentiste propose dans certains cas un traitement antibiotique, sur 7 jours généralement.

Un diagnostic bactériologique est souvent mis en œuvre pour identifier les bactéries responsables et prescrire la molécule la plus adaptée.

Traitement chirurgical

Dans les cas les plus sévères, il est parfois nécessaire d’ouvrir la gencive pour permettre un nettoyage efficace des poches parodontales.

Des techniques de greffes peuvent également restaurer les tissus endommagés :

  • la greffe de gencive, généralement réalisée à l’aide d’un greffon prélevé au niveau du palais ;
  • la greffe osseuse, à l’aide de biomatériaux ou d’un greffon osseux provenant du patient.

Lorsque la dent ne peut être sauvée, elle est extraite et remplacée par une prothèse fixée sur un implant.

Prenez soin de vos dents grâce à nos contenus !

 

Нормална букална микробна флора и орални инфекции

Усната празнина кај човекот претставува особена бактериска флора.

I. Нормална букална флора 

Сочинета е од 70% аеробни-анаеробни бактерии. Особено присутни се:

  • Негрупирани стрептококи (  streptococus salivarius, s. sanguis, s. mitis ), streptococus mutans  кои играат главна улога во формирањето на денталниот плак и се фаворизатори на кариес.
  • Lactobacillus
  • Neisseria
  • Candida и различни протозои може да се забележат

    Букалната флора е главно менлива, таа зависи од секоја индивидуа и останува во фражилна урамнотеженост меѓу голем број на бактериски видови. Сепак, некои можат да стекнат патогени особености под  различни физиопатолошки услови кај индивидуата: модификација на дентицијата, хигиена, исхрана, носење на протези, тутун, шеќери, забавен одбранбен имунолошки систем.

 

Оралната микробиологија е наука за микроорганизмите кои ја сочинуваат микрофлората на усната празнина и интеракциите меѓу овие орални микрооганизми меѓу самите себе и меѓу домаќинот човек или животно. Тие претставуваат итерес за микробниот систем во усната празнина без разлика дали се нормални или патогени. Овој микробиот е малку проучуван. Според научниците овие микроорганизми се јавуваат во слободна форма или планктонска  но некои особено престојуваат во колонии и организиран биофилм.
Благодарение на комплексните интеракции меѓу видовите кои ја колонизираат усната празнина изменувајќи некои карактеристики, некои други пак споменуваат микробна орална екологија.

Оралниот микробиот на бебето се збготува од неговото раѓање и ќе се развива со појавата на забите кои ќе прифаќаат нови бактериски видови. Оралниот микробиот најпрво се состои од бактерии кои развиле стратегија за отпорност и прифаќање на околината дозволувајќи им да го модифицираат домаќинот  во корист на микробот ( на пример забниот кариес).

Тој е повеќе или помалку различен според возраста и индивидуите. Преку четкањето на забите може да се направат негативни и позитивни модификации, внесување на алкохол, исхраната, внесување на антибиотици.

1.Анаеробни бактерии кои во голем број се наоѓаат во усната празнина, се :

  • Actinomyces
  • Arachnia
  • Bacteroides
  • Bifidobacterium
  • Eubacterium
  • Fusobacterium
  • Lactobacillus
  • Leptotrichia
  • Peptococcus
  • Peptostreptococcus
  • Propionibacterium
  • Selenomonas
  • Treponema
  • Veillonella

2.Примери за габична микрофлора во усната празнина

Некои родови на микрогаби кои фреквентираат во усната празнина се:

  • Candida
  • Cladosporium
  • Aspergillus
  • Fusarium
  • Glomus
  • Alternaria
  • Penicillium
  • Cryptococcus

Оралните бактерии можат да се акумулираат врз или во тврдото и мекото непце на усната празнина, речиси секогаш формирајќи биофилм бактериски или габичен, кој се сомничи за создавање на феномени на антибиорезистенција. Феноменот на биохемиско прикачување на бактериите од биофилмот има значење за бактериите во усната, особено врз забите.

https://fr.wikipedia.org/wiki/Microbiologie_orale

Пародонт

Пародонтот: од грчки para: над и odontos : заб. Пародонтот е изграден од заемни ткива кои го обиколуваат и прицврстуваат забот.

Четирите составни делови на пародонтот се:

  • Гингивата 
  • Алвеоларната коска 
  • Цементот
  • Алвео-дентален лигамент или дезмодонт

toung

ЧЕТИРИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА ПАРОДОНТОТ

1. ГИНГИВА: гингивата е влакнеста мукоза која ја покрива алвеоларната коска. Таа го претставува најоткриениот дел во пародонталната средина. здарвата гингива има бледо розева боја. Границата на гингивата треба хармонично да го следи забниот врат а особено неговата околина. Здравата гингива  нема присуство на отоци, крварење ниту улцерации.

Гингивата е поделена на три дела

  • Слободна гингива или маргинална гингива: Таа претставува тенка лента од околу 1 мм широчина и се наоѓа помеѓу слободниот раб на слободната гингива и маргиналната бразда која го означува почетокот на прицврстената гингива. Маргиналната гингива го затвора вратот на забот преку гингивално-денталната граница. Гингивалната бразда или гингивалниот сулкус се протега во длабочина од 0,5 до 2 мм. Гингивалниот сулкус го прицврстува епителот со минерализирано ткиво кое  може да биде :цементот, емајлот а поретко дентинот.Атачаментот го одделува пародонталното ткиво ( гингивата, цементот, алвеоларната коска и дезмодонтот ) од букалната средина ( саливата и микробната флора). Интерденталната гингива или папиларната гингива е сместена меѓу забните контакнти точки. Таа е наречена меѓузабен врат гледано од апроксималните страни на забите.
  • Прицврстена гингива: Со различна височина, таа е силно прицврстена за алвеоларната коска благодарение на колагените влакна, има бледо розева боја. Загубата на прицврстената гингива означува пародонтална болест.
  • Алвеоларната мукоза : е поцрвена од гингивата бидејчи крвните садови се повеќе видливи.

2. АЛВЕОЛАРНА КОСКА: Алвеоларната коска е основната потпора на забот, го опколува коренот на забот кој се прицврстува за неа преку дезмодонтот или алвео-денталниот лигамент. Алвеоларната коска се раѓа и умира заедно со забот.Алвеоларната коска е изградена од компактна супстанца, интерна и екстерна која ја обиколува спонгиозната супстанца. Периостот (бела и фиброзна мембрана ) ја покрива надворешната површина на алвеоларата коска, неговата улога е многу важна бидејќи претставува коскено сврзно ткиво. Кога алвеоларната коска изчезнува останува само базалната коска.

3. ЦЕМЕНТ: Цементот се смета за дел од пародонтот. Претставува минерализирано ткиво (45% минерални соли) кој ја покрива целата површина на надворешната страна на радикуларниот дентин. Во пределот на забниот врат веднаш доаѓа под емајлот. Игра главна улога во заштитат на дентинот: феномени на хипер чуствителност на забниот врат поради недоволна заштита на дентинот од страна на цементот. Цементот е калцифицирано ткиво аналогно на коската.Под дејство на симулации може како и коската да подлежи на модификација како ( ресорпција и апозиција). Цементот овозможува прикачување на пародонталниот лигамент од алвеоларната коска со коренот на забот. Дезмондонталните влакна се фиксирани за цементот и алвеоларната коска. Цементот го овозможува прикачувањето и фиксирањето на забот.

4. ДЕЗМОДОНТ : Дезмодонтот е исто така наречен пародонтален лигамент, алвео-дентален лигамент или периодонт.Дезмодонтот служи за суспензија на забот. Дезмодонтските влакна го овозможуваат фиксирањето на забот со алвеоларната коска. Претставува едно помалку придвижно зглобување: амфиартроза. Претставува сврзно ткиво изградено од мрежа на влакна ориентирани и групирани во канали кои се прикачени за цементот и во алвеоларната коска. Дезмодонтот ја потполнува празнината меѓу коренот на забот и алвеоларната коска. Неговата главна улога е да ги фиксира забите во нивните алвеоли и да гава отпор на силите кои учествуваат за време на мастикацијата, бруксизмот итн.Дезмодонтот е силно инервиран и иригиран од крвната циркулација. Има и хранителна улога на пародонтот ( крвни и лимфни садови) , регенративна улога ( клетки : фибробласти), регулација и координација на мандибуларните движења преку нервни завршетоци ( рефлексен лак), амортизација на притисокот меѓу двете забни лакови (спротивно на имплантот кој е неподвижен во коската).

УЛОГАТА НА ПАРОДОНТОТ:

  • Да му даде цврстина на забот
  • Да ја ремоделира структурата на измени во зависност на возраста
  • Да озовможи сигурни бариери за ефикасна одбрана ( епителен атачамент, усната празнина како септична средина).

ПАРОДОНТАЛНИ БОЛЕСТИ:

Пародонталните болести, или пародонтопатии, се најчестата причина за загубата на забите. бројот на овие влијанија влијаат заедно со нивото на оралната хигиена. Сите овие болести се воспалителни, најголемиот дел од инфективно потекло, предизивикано од денталниот плак кој секојдневно се акумулира во пределот на забите. Тутунот сега се смета за прв ризик фактор за развој на пародонтопатија. Клиничките знаци се: црвенило, едеми, крварења, лачење на ексудат, гингивална хиперплазија, улцерации, присуство на плак и тартаратни соли на калциум, повлекување на гингивата, халитоза, чувствителност и болка во неприсуство на кариес, дентална мобилност. Треба да се направи разлика меѓу пародонтопатија и гингивитис

Гингивитисот е поим кој се употребува за нападнати гингиви во главно се анатомски лимитирани во колагените влакна. Атачаментот е здрав. Нема загуба на атачаментот. Гингивитисот е реверзибилен.

Пародонтитис: тоа се влијанија кои ги надминале колагените влакна и со намера да ги нападнат коскените ткива и создаваат забни џебови ( вдлабочување на сулкусот ) Има загуба на атачаментот. Пародонтитисот најчесто следи после гингивитис.