Rubeola

Рубеолата е заразна вирусна инфекција која се појавува најчесто кај младите деца но може да се појави на било која возраст.

Во главно рубеолата е бенигна болест. Но, при појава кај бремена жена таа може да предизвика сериозни малформации кај бебето. Вакцината против рубеола дозволува значајно намалување на нејзината фреквентност.

 Што е рубеола?

Рубеолата е инфекција предизвикана од вирус наречен  Rubivirus.

Инфекцијата од овој вирус не предизвикува бенигни болести, појавата на рубеола кај бремена жена може да предизвика сериозни последици кај бебето, поради заразни малформации кои можат да бидат сериозни.

 Дали рубеолата е честа?

Сега рубеолата е ретка во развиените земји, поради програма за вакцинација против рубеолата.

Сепак, рубеолата е се уште честа во голем број на земји во развој.

Во 2004, здравствената организација забележа 29 милиони случаи на рубеола во светот, поголемиот дел од заразените се од земјите во развој.

 Кои се симптомите на рубеолата?

Поголемиот дел од луѓето не ги развиваат симптомите кога се инфектирани од страна на вирусот на рубеолата . Тоа се нарекува “ Предклиничка инфекција “.

После периодот на инкубација од 2 до 3 недели ( периодот на пенетрацијата на вирусот и појавата на симптомите ) симптомите можат да се развијат, и тие се :

  • Лесна треска, грип, кашлања и болки во грлото се најчестите симптоми.
  • Отекување на ганглиите ( тоа е наречно аденопатија ) најчести отоци се на ушите и вратот. Понекогаш, ганглиите на другите делови од телото отекуваат. Нормалната форма на ганглиите ќе  дојде до нармала по една или две недели.
  • Осипи во форма на дамки со нееднаква големина, розови или црвени, тие се појавуваат по 7 дена од појавата на аденопатија. Осипот започнува позади ушите потоа се пренесува на лицето и вратот а потоа на остатокот на телото и трае отприлика од 3 до 5 дена пред да изчезнат.
  • Црвенило и иритација на очите можат да се развијат за време од неколку денови.
  • Болка во зглобовите и мускулите, може да се појави за време од една или две недели. Оваа е помалку честа кај децата, но многу честа кај возрасните заболени од рубеола.
  • Други симптоми можат да вклучат замор и главоболки.

Кои се можните компликации на рубеолата?

Рубеолата предизвикува ретки компликации во однос  на здравјето

Можните компликации се генерално ретки и можат да вклучат:

  • Воспаление на зглобовите ( полиартритис) , изчезнува во главно за 4 до 5 недели.
  • Проблеми со коагулација
  • Воспаление на мозокот и обвивките на мозочната кора ( енцефалитис или менинго енцефалитис )

Основната преокупација на рубеолата да предизвикува сериозни компликации за време на бременоста ( видете подоле )

 Рубеолата и бременоста

Ако бремена жена е заболена од рубеола во првиот месец на бременоста , постои голема можност дека вирусот може да предизвика сериозни нарушувања за бебето кое е во развој.

Вирусот ги напаѓа органите во развој и бебето може да се роди со сериозни малформации; тое е “ синдром на вродена рубеола “

Почестите манифестации на синдромот на вродена рубеола се:

  • Дете со мала тежина
  • Синдром на Грег; кои се поврзува со катаракта, глувост, и срцеви и белодобрни маани и малформации.
  • Целербрални заболувања; одговорни за заостанат психомоторен систем
  • Заболувања на хепарот, црниот дроб : Неонатален хепатитис

Да се има рубеола во првите три месеци на бременоста се зголемува исто така ризикот за принуден абортус и подметнување.

Затоа се дават совети на трудницата:

  • Таа треба да одбегнува воспоставување контат со предмет заразен од рубеола.
  • Треба да го провери имунолошкиот систем против рубеола. Крвна анализа и систематска анализа направена на почетокот на бременоста ( серологија на рубеола ) или предбрачна рамнотежа. Тоа потврдува дали жената е имунизирана или не барајќи антитела за рубеола во крвта.
  • Повеќето од жените се имунизирани благодарени на внатрешна вакцина и не се развива можниот напад на рубеола.
  • Ако жената не е имунизирана , и стапува во контакт со некого кој има рубеола, докторот треба да биде известен, за да се побараат крвни анализи. Тие можат да кажат дали жената е нападната од тој вирус пред да се појават симптомите. Нови мерки се превземаат зависно од резултатите на анализите.
  • Сепак , не банализирајте ни една појава кај бремена жена, во некој случај може да се смета за алергиска реакција а се работи за рубеола.

Во случаеви на зараза од рубеола да е потврдена кај трудница, таа ќе биде упатена кај акушер  за да дискутира за можностите за развој на конгенитален синдром на рубеола кај бебето.

Ризкот е поголем додека жената има помалку од 20 седмици на бременост ( 5 месеци). Ако таа има повеќе од 20 седмици на бременост  значи ризикот за развој на конгенитален синдром на рубеола е премногу мал.

Испитувањето на инфекцијата кај фетусот се прави преку земање на крв од папочната врвца, после 22 седмица од бременоста.

Ниеден третман не може да го спречи развојор на конгениталниот- вроден синдром на рубеола, за тоа се дискутира за прекин на бременоста пред 3 тиот месец на бременоста.

Забележете: Консултирајте се со доктор ако сте бремени и развивате болест за која мислите дека е рубеола. Рубеолата е ретка денес благодарение на вкацинирањето.

Други вируси можат да предизвикаат појави слични на рубеола . Повеќето од вирусите не наштетуваат на вашето бебе, но само на серологијата на рубеола може да потврди или негираа присустност на рубеола доколку се сомничи.

Дали рубеолата е заразна?

Да. вирусот на рубеола е пренослив преку директен контакт и преку кивање.

Кога вирусот навлегува во телото, зема време од 2 до 3 недели да се развијат симптомите ( период на инкубација )

Болниот е заразен отприлика една недела пред појава на симптомите и до 15 дена до појава на компликации.

Заразените деца треба да се држат далеку од училиштето и колективитети.

Како да го провериме имунитетот против рубеола?

Дури и да сме вакцинирани против рубеола, или сме ја развиле рубеолата за време на детството, постоу сепак една мала можност дека нашето тело не развило доволни антитела против вирусот на рубеола за да не заштити.

Единствениот начин ако сме добро имунизирани против вирусот на рубеола , е да направиме анализа на крвта со дозирање на стапката на антитела против рубеолата, тоа се вика серологија на рубеолата.

Овој тест е генерално фаворизиран кај жената во предбрачниот билан.

Бидејќи воредниот синдром на рубеола е сериозна компликација, овој тест се прави систематски за жената во најраниот период на бременоста.

Кој е третманот за рубеола?

Не постои ниеден третамн за да се убие вирусот. Повеќето од децата заболени од рубеола развиваат малку симптоми, и нема потреба од ниту еден третман и заздравувањето доаѓа за неколку денови.

Untitled.png

Имунолошкиот систем произведува антитела за време на инфекцијата, овие антитела го елеминираат вирусот и произведува доживотен имунитет против вирусот на рубеолата.

Ретко е да се има уште едно повторување на рубеола.

Парацетамолот е корисен за намалување на треската и болките. Ибропрофенот е исто така уште една алтернатива.

Ако детето има треска , треба да му се даваат многу течности за да се одбегне дехидрацијата.

Треба да се консултира лекарот доколку детето добие загрижувачки и невообичаени симптоми.

Кај трудницата , ако е докажана инфекцијата пред 3 месец на бременоста може да биде понуден и прекин на бременоста

Вакцинирање против рубеола

Вакцинирањето е сега понуда за сите деца

Првата доза е генерално поставена на 12 месецм после втората доза е дадена меѓу 13 и 24 месец.

Вакцината нуди ефикасна заштита, тоа е причината за која рубеолата сега е ретка во развиените земји.

Бројот на бебиња родени со вроден синдром на рубеола значајно се намалува со воведувањето на вакцинирањето.

Премногу е важно сите деца да се имунизирани против вирусот на рубеола се со цел да се заштитат сите компликации од рубеола.

12606907_924234284359184_968735163_n


Оригинален текст на француски:http://www.commentguerir.com/article/rubeole

Превод: Никола Богевски, студент на Факултет за медицински науки

06,02,2016

 

Напишете коментар